Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор

Врховниот суд в четврток ќе одржи јавна седница по изјавената жалба на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелацискиот суд Скопје за мерката притвор. Ова е втора јавна седница пред Врховниот суд по мераката притвор на таткото на Вања. – Врховниот суд ја известува јавноста дека по изјавената жалба на …

Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор Read More »

„Слободен печат“ на гласањето во Лондон: Слаба излезност на дијаспората во Британија

Првиот круг од претседателските избори на кои гласаше македонската дијаспора во Велика Британија и Северна Ирска во вторникот ппомина мирно и со слаба излезност. И покрај тоа што имаше вкупно 87 пријавени гласачи, малкумина од нив дојдоа да гласаат. Вторникот како работен ден во Велика Британија веројатно беше причината поради слабата излезност на македонските државјани. …

„Слободен печат“ на гласањето во Лондон: Слаба излезност на дијаспората во Британија Read More »

Синдикалната минимална кошница за април 60.212 денари

Минималната синдикална кошница за април изнесува 60.212 денари и е за 1.214 денари повисока отколку во март годинава кога беше 58.998 денари. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 75.587 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци …

Синдикалната минимална кошница за април 60.212 денари Read More »

Опозиција против понудата на Ахмети за влада на национален спас

Не поминува понудата на лидерот на ДУИ Али Ахмети за влада на национален спас или национално единство за европска интеграција, ако по парламентарните избори не се формира политичка влада, односно ако Европскиот фронт, предводен од ДУИ, или коалицијата „Вреди“ одбијат да бидат дел од извршната власт што е против измени на Уставот. Опозициските ВМРО-ДПМНЕ и …

Опозиција против понудата на Ахмети за влада на национален спас Read More »

Заев: Излезот од Отворен Балкан може да поттикне национализам и нови конфликти на Балканот

Поранешниот премиер на Македонија, Зоран Заев, којшто заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, е еден од основачите на Отворен Балкан, за српска „Политика“ изјави дека никој не може да ги оспори резултатите од иницијативата „Отворен Балкан“ и дека заговарањето политика на напуштање на регионалната соработка може да поттикне национализам, па …

Заев: Излезот од Отворен Балкан може да поттикне национализам и нови конфликти на Балканот Read More »

Во прилепскиот затвор затворениците гласаа, полицајците протестираа

Во прилепскиот затвор 104 затвореници денеска гласаа на претседателските избори, а пред капијата на казнената установа на мирен протест излегоа затворските полицајци поради условите во затворот, јави МРТ. Имено во КПУ Прилеп се преместени затвореници од висок ризик од Идризово за кои, според вработените во затворот,  нема соодветни услови за издржување на затворската казна во …

Во прилепскиот затвор затворениците гласаа, полицајците протестираа Read More »

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Немаме критичари за трилерот како жанр во книжевноста, вели Кузмановски авторот на „Бахус“

На Светскиот ден на книгата, 23 април,  „Слободен печат“ ви предлага еден нов наслов, книгата „Бахус“ од авторот Сашо Кузмановски, спортски новинар и писател. Станува збор за вториот дел од трилогијата којашто ја замислил Кузмановски. Во „Бахус“ дејствието е испреплетено во две временски рамки едната во древното минато од почетокот на новата ера, а другата …

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Немаме критичари за трилерот како жанр во книжевноста, вели Кузмановски авторот на „Бахус“ Read More »

СДСМ ветува работно време од седум часа, Левица од шест!

Владејачката СДСМ и опозициската Левица ветуваат намалено работно време во своите предизборни програми за парламентарните избори, и тоа СДСМ планира да воведе седумчасовен работен ден, а Левица шестчасовен. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, ветуваат флексибилност во работното време, но само за младите родители. Другите две парламентарни групи, владејачката ДУИ и нивната коалиција и коалицијата „Вреди“ на албанската …

СДСМ ветува работно време од седум часа, Левица од шест! Read More »

Сагата на Јалдз Веапоска продолжува: Судот прифати да се прави супервештачење

Со супервештачење ќе се утврдува како и зошто родилката Јалдз Веапоска остана без три органи – матката, јајникот и бубрегот, кога во 2020 година отиде да се породи со царски рез во струшката болница. Судот во Струга денеска прифати да се прави супервештачење, затоа што верзијата за тоа што се случувало во операционата сала која …

Сагата на Јалдз Веапоска продолжува: Судот прифати да се прави супервештачење Read More »

ССК: Тоа што среда е неработен ден негативно се одразува и врз останатите четири дена

Бизнисот не бил консултиран за владината одлука – приватните компании да не работат утре и на 8 мај, за време на претседателските и парламентарните избори, а според Сојузот на стопански комори (ССК), тоа што среда е неработен ден, негативно се одразува и врз останатите четири дена во неделата. -Со нас, конкретно, за оваа одлука никој …

ССК: Тоа што среда е неработен ден негативно се одразува и врз останатите четири дена Read More »