Ковачевски и Мицкоски се согласија: Балансерот се злоупотребува

Реткост, но сепак се случува. Лидерите на двете најголеми партии во Македонија се согласија околу злоупотребите на Балансерот. Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски го искоментира предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на балансерот, но не беше конкретен дали ваквата идеја би ја поддржал. Тој смета дека треба да се изнајде решение за предизвиците, зашто оваа мерка …

Ковачевски и Мицкоски се согласија: Балансерот се злоупотребува Read More »

Во Европскиот фронт предводен од ДУИ се приклучи и Унијата на Ромите

Претседателката на Унија на Ромите, Фатима Османовска и лидерот на Демократската унија за интеграции, Али Ахмети, денеска во општина Шуто Оризари го потпишаа коалицискиот договор за приклучување на Унија на Ромите кон Европскиот фронт предводен од Ахмети. Османовска порача дека Ромите ќе влезат во Европската Унија како рамноправни со сите граѓани, бидејќи како што рече, …

Во Европскиот фронт предводен од ДУИ се приклучи и Унијата на Ромите Read More »

Гробишта за миленици, нивна задолжителна стерилизација, новиот предлог закон влезе во Собрание

Сопствениците на кучиња и мачки ќе бидат должни да ги стерилизираат своите миленици, освен во случај ако се регистрирани како одгледувачи или одгледувачници. Регистрираните одгледувачи и одгледувачници ќе бидат должни да го пријават потомството од своите животни во овластена ветеринарна амбуланта најдоцна 30 дена по раѓањето и да ги регистрираат животните според Законот за идентификација …

Гробишта за миленици, нивна задолжителна стерилизација, новиот предлог закон влезе во Собрание Read More »

Битиќи: Во најмалку три сектори ќе се воведе 7-часовен работен ден

Воведувањето 7-часовен работен ден во најмалку три сектори од 1 јануари 2025 година и минимална плата од 600, а просечна од 1.100 евра до крајот на наредниот мандат на СДСМ е реалност, смета потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи. – Зголемување на квалитет на живот не може да се случи ако …

Битиќи: Во најмалку три сектори ќе се воведе 7-часовен работен ден Read More »

ПССЕ предупредува на можна злоупотреба на државните ресурси за време на изборната кампања

Периодот пред изборите е стабилен и се очекува изборите да ги исполнат демократските стандарди, оценува Предизборна делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ). Оттаму забележуваат дека постои загриженост за одредени аспекти на изборниот процес, вклучително и изборната правна рамка како и прилично слабото регулирање на правилата за финансирање на кампањите. Делегацијата истакна дека …

ПССЕ предупредува на можна злоупотреба на државните ресурси за време на изборната кампања Read More »

И Зијадин Села ќе ќари од договорот со Али Ахмети

Зијадин Села и Али Ахмети се очекува да си подадат рака за предизборна соработка в сабота откако попладнево партиските органи на ДУИ и на дел од Алијанса за Албанците се очекуваше да дадат виза за заеднички изборен настап во Европскиот фронт. Одлуката Алијанса на избори да оди со Европскиот фронт се очекува денеска во Скопје …

И Зијадин Села ќе ќари од договорот со Али Ахмети Read More »

Казна затвор од една година за ширење говор на омраза врз основа на сексуална ориентација

Основниот суд во Неготино по обвинителен предлог на Основното јавно обвинителство Кавадарци, а по кривична пријава од Квир Центар, донесе пресуда против лицето С.М. за ширење говор на омраза на социјални мрежи. Од Скопскиот Квир Центар ја поздравија одлуката на судот и порачаа дека оваа осудителна пресуда е значајна победа во напорите да се креира …

Казна затвор од една година за ширење говор на омраза врз основа на сексуална ориентација Read More »

Собранието усвои Декларација за одбележување четири години од членството во НАТО

Собранието денеска ја донесе Декларацијата за одбележување на четвртата годишнина од членството на Македонија во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата во рамките на 149. седница. Претседателот и подносител Јован Митрески, нагласи дека со донесувањето на Декларацијата ја потврдуваат определбата за давање сериозен и значаен придонес во обезбедувањето на регионалниот, но и на …

Собранието усвои Декларација за одбележување четири години од членството во НАТО Read More »

Македонија и 11 земји-членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти

Дванаесет членки на НАТО, меѓу кои и Македонија, се договорија за понатамошно проширување на соработката за обука на воени пилоти во рамки на Иницијативата на Алијансата за обука за летање во Европа (НФТЕ). Со овој договор се предвидува обука на околу 50 идни пилоти на четири локации започнувајќи уште од оваа година, воспоставување на девет …

Македонија и 11 земји-членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти Read More »

Македонија треба да врати над два милиони евра потрошени за измами преку Еразмус+

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година. Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија, согласно извештајот на ОЛАФ, на 30 ноември 2023 по е-пошта пратил известување до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност …

Македонија треба да врати над два милиони евра потрошени за измами преку Еразмус+ Read More »