Виц на денот: Кражба
Трпана се нашла на суд поради кражба. Судијата ја прашува: – Што украдовте? – Конзерва со праски. – Колку праски имаше во конзервата? – Уф, па имаше шест праски. – Тогаш, шест дена во затвор! Од позадина дофрла Трпе: – Господине судија, Трпана украде и конзерва со грашок!