Се породи Антониа Гиговска: Пресреќниот татко го откри полот на бебето

Македонската пејачка Антониа Гиговска, денеска на свет донесе здраво машко бебе. Веста за породувањето ја објави нејзиниот сопруг, Роберт Спасенцоски на својот фесбук профил. Инаку младата пејачка Антониа и нејзиниот партнер Роберт, попознат како Џокер, пред околу два месеци стапија во брак, а неколку месеци претходно ја објавија веста дека таа е во блажена состојба. …

Се породи Антониа Гиговска: Пресреќниот татко го откри полот на бебето Read More »

Луѓето кои работат во овие професии најчесто се разведуваат, а само во две земји во светот е забранет разводот

Студија спроведена за 2024 година покажува нови податоци за разводите на браковите. Статистичките податоци се однесуваат на САД, а истражувањето е објавено во „Форбс“. Според студијата, процентот на разводи е поголем кај паровите кои живееле заедно пред бракот. Повеќето луѓе го обвинуваат партнерот за разводот. Имено, 66 отсто од разведените мажи сметаат дека другата страна …

Луѓето кои работат во овие професии најчесто се разведуваат, а само во две земји во светот е забранет разводот Read More »

Експертите откриваат: Што треба да знае вашето дете на 5, 10 и 15 години?

Родителите треба да ги подготват своите деца за она што ги чека во зрелото доба од животот. Децата секој ден учат нешто ново, а родителите се трудат да ги подготват за сè што ги чека кога ќе пораснат. Шеесет и три отсто од родителите кои учествуваа во Националното истражување на Детската болница во 2019 година, …

Експертите откриваат: Што треба да знае вашето дете на 5, 10 и 15 години? Read More »

Нова студија открива: Лажењето на децата за да се заштитат нивните чувства има негативни последици

Истражувањето на научниците од Сингапур покажуваат дека децата кои знаат дека родителите ги лажат имаат поголема веројатност и самите да ја развијат оваа навика. Студијата на Технолошкиот универзитет Нанјанг го следеше однесувањето на 564 деца на возраст меѓу 11 и 12 години за да го истражи влијанието на родителските лаги врз чесноста на детето, пишува …

Нова студија открива: Лажењето на децата за да се заштитат нивните чувства има негативни последици Read More »

Северина не е единствената: Овие славни дами го изгубија старателството над своите деца

Со одлука на Врховниот суд, хрватската пејачка Северина Вучковиќ повторно го загуби старателството над 11-годишниот син Александар, кој ќе живее со неговиот татко Милан Поповиќ. Северина не е единствената што минува низ мачна битка за старателство над детето. Многу холивудски ѕвезди и познати пејачки, исто така, го доживеаја кошмарот на секоја мајка кога со судска …

Северина не е единствената: Овие славни дами го изгубија старателството над своите деца Read More »

Проблемите со спиењето на бебето ги исцрпуваат родителите: Што да направите за да го подобрите сонот на детето и кога да побарате помош?

Голем број родители кои имаат мали деца веруваат дека треба често да спијат и стануваат многу загрижени кога поради некоја причина тоа не се случува. Како резултат на тоа, младите мајки и татковци можат да поминат долго време во раскажување на ужасни приказни за тоа како сонот на детето (или поточно, недостатокот на сонот) ги …

Проблемите со спиењето на бебето ги исцрпуваат родителите: Што да направите за да го подобрите сонот на детето и кога да побарате помош? Read More »

ФОТО | Секси и заводливи, славните дами го обожаваа Кавали: Погледнете некои од највпечатливите креации на легендарниот дизајнер

Многу познати дами ги носеа креациите на славниот моден дизајнер Роберто Кавали, меѓу кои Џенифер Лопез, Тејлор Свифт, Ким Кардашијан, Зендаја… Кавали беше познат по својот култен стил, кој го пренесе во своите модни парчиња и додатоци, кои многу славни личности сакаа да ги носат на престижни настани. Меѓу најголемите ѕвезди кои ги носеле неговите …

ФОТО | Секси и заводливи, славните дами го обожаваа Кавали: Погледнете некои од највпечатливите креации на легендарниот дизајнер Read More »

Страв и трепет за славните ѕвезди: Која е адвокатката што ги разведе принцот Чарлс и принцезата Дијана?

Уште еден холивудски пар се разведува – Исла Фишер и Саша Барон Коен. Актерката наводно стапила во контакт со Фиона Шеклтон, најдобрата британска адвокатка за разводи, која застапувала и славни ѕвезди како Пол Макартни и Лиам Галагер, но и кралот Чарлс. Фиона наводно ја советувала Исла, со сопругот Саша, кои имаат предбрачен договор и три …

Страв и трепет за славните ѕвезди: Која е адвокатката што ги разведе принцот Чарлс и принцезата Дијана? Read More »

„Имам 33 години и сѐ уште сум девица“: Жена руши табуа за доцното стапување во сексуални односи

Кога имала 32 години, Алора Денон Кембел се срамела да признае дека „подоцна процветала“ кога се во прашање романтичните врски и дека сè уште е девица, која не само што немала прва врска, туку и немала ни прв бакнеж, пишува „Њујорк пост“. „Беше голем срам. Општеството прави сѐ за да почувствувате дека треба да се …

„Имам 33 години и сѐ уште сум девица“: Жена руши табуа за доцното стапување во сексуални односи Read More »

ФОТО | Тренди модел: Иванка Трамп блесна во сандали кои наскоро ќе ги гледаме на секој чекор

Сандалите со тенки златни ремчиња се исто толку добри за на плажа како и за деловен состанок, што ги прави одлична инвестиција. Иванка Трамп, ќерката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, на социјалните мрежи се пофали со својот одличен пролетен стајлинг, составен од тренди парчиња. Иванка е позната по тоа што ги фаворизира парчињата кои …

ФОТО | Тренди модел: Иванка Трамп блесна во сандали кои наскоро ќе ги гледаме на секој чекор Read More »

Важно е да се знае: Овие 10 болести се наследуваат само од мајката

Постојат болести кои се наследуваат исклучиво и само преку женска линија, па затоа е важно да се биде свесен за ова. Меѓу нив се и некои автоимуни болести, како и некои состојби кои не можат да се третираат како хронично заболување, но можат сериозно да не мачат цел живот. Дури и причината за депресијата и …

Важно е да се знае: Овие 10 болести се наследуваат само од мајката Read More »

Виц на денот: Светлана

Спијат маж и жена охриѓани, во сон мажот извикува: – Светланааа! Веднаш јаде шамар од жена му која го прашува: – Која ти е таа Светлана бе!? – Абе светлана вкујна изгасни ги, ги заборавив…

Експерти откриваат: Еден пијалак пред спиење може да ја подобри издржливоста во сексот

Вкусен топол пијалак пред спиење може да го „зачини“ вашиот сексуален живот, покажа едно истражување. Ако барате нешто што ќе ви го подигне расположението, овој топол пијалак може да биде добар избор. Сите сме свесни дека одредена храна може да понуди низа здравствени придобивки – од одржување на младешка кожа до намалување на ризикот од …

Експерти откриваат: Еден пијалак пред спиење може да ја подобри издржливоста во сексот Read More »

Виц на денот: Ручек

Сопругата излегува од дома и му вели на сопругот: – Миличок, одам кај сосетката на пет минути, а ти не заборавај на секој половина час да проверуваш да не загорело јадењето!

Виц на денот: Рај или пекол

Умрел Македонец и на небото го пречекал св.Петар. – Каде сакаш да одиш, во рајот или во пеколот? – А не може во Швајцарија?! – разочарано прашал Македонецот.

Не треба да се занемари: Една навика речиси секогаш ги уништува љубовните врски

Иако може да изгледа безопасно, обвинувањето на вашиот партнер (или себеси) за секој проблем може да стане навика во врската што на крајот може да предизвика нејзин прекин. Оваа навика полека ја исцрпува виталната енергија од љубовната врска. Честопати не сме свесни дека го правиме тоа и не сфаќаме колку е лошо за нашето тело …

Не треба да се занемари: Една навика речиси секогаш ги уништува љубовните врски Read More »

Почина Еленор Копола, наградувана режисерка и сопруга на Френсис Форд Копола

Почина Еленор Копола, американска режисерка и сопруга на Френсис Форд Копола, на 87 години, соопштија членови од нејзиното семејство. Копола почина во петокот опкружена со семејство дома во Радерфорд, Калифорнија, објави нејзиното семејство во соопштение. Не е наведена причина за смртта, пренесува „Вараети“. Режисерката доби награда Еми за хрониката на 238-дневната продукција на филмот „Апокалипсата …

Почина Еленор Копола, наградувана режисерка и сопруга на Френсис Форд Копола Read More »

Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?“. Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност …

Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд? Read More »

Почесна Златна палма за животно дело на Џорџ Лукас во Кан

Режисерот, сценарист и продуцент Џорџ Лукас е новиот лауреат на почесната Златна палма за животно дело на Филмскиот фестивал во Кан, а ова признание ќе му биде врачено на 25 мај на затворањето на фестивалот. Холивудскиот режисер, кој во мај ќе наполни 80 години, на тој начин влегува во друштвото на одбрани лауреати, а пред …

Почесна Златна палма за животно дело на Џорџ Лукас во Кан Read More »

ВИДЕО | Погледнете го првиот трејлер за „Џокер 2“! Ќе се наежите од Хоакин Феникс и Лејди Гага

Студиото „Варнер брос пикчрс“ го објави првиот трејлер за „Joker: Folie à Deux“, долгоочекуваното продолжение на „Џокер“ (Јокер) од 2019 година. Главните улоги ги толкуваат Хоакин Феникс како Џокер и Лејди Гага како Харли Квин. Трејлерот започнува во менталната установа каде што Артур Флек, попознат како Џокер, заврши на крајот од последниот филм. Артур таму …

ВИДЕО | Погледнете го првиот трејлер за „Џокер 2“! Ќе се наежите од Хоакин Феникс и Лејди Гага Read More »

„Исчезна целата романса во снимањето филмови“: Вуди Ален навести дали ќе се пензионира

Вуди Ален уште еднаш навести дека сака да се повлече од снимањето филмови, велејќи дека се двоуми да сними уште еден филм по американското прикажување на неговото последно остварување „Удар на среќата“ (Coup de Chance), пишува „Гардијан“. Познатиот режисер, во последното интервју за „Ер мејл“ изрази незадоволство од моменталната состојба на кино-дистрибуцијата, истакнувајќи дека „традиционалната …

„Исчезна целата романса во снимањето филмови“: Вуди Ален навести дали ќе се пензионира Read More »

ВИДЕО | Калиопи: Мајка ми имаше три деца на 17 години, на неа сум искрена

Калиопи раскажа искрена приказна за својата мајка со која е многу поврзана. Таа е нејзиното најмало дете, по сестрата и братот, а станала мајка кога имала само 17 години. Во вториот дел од разговорот со Калиопи во емисијата „Еден на Еден“, таа рече: – Оваа жена на 21 година нѐ имала сите тројца. На 17 …

ВИДЕО | Калиопи: Мајка ми имаше три деца на 17 години, на неа сум искрена Read More »

ВИДЕО | Доктор ја откри тајната на „вечната младост“ на Анџелина Џоли: „Може да видите очигледни знаци на…“

Оскаровката Анџелина Џоли (48) неодамна се појави на црвениот тепих каде позираше за премиерата на нејзиниот мјузикл „Аутсајдери“. Таа пристигна во придружба на нејзината ќерка Вивиен, а нејзиниот блескав изглед не можеше да помине незабележано. Анџелина се појави во свилен бронзен фустан над кој се прекри со гламурозна наметка. Својотата модна комбинација ја надополни со …

ВИДЕО | Доктор ја откри тајната на „вечната младост“ на Анџелина Џоли: „Може да видите очигледни знаци на…“ Read More »

Падна првата пресуда за убиството на Халина Хачинс: 18 месеци затвор за девојката која му даде наполнет пиштол на Алек Болдвин

Хана Гутиерез-Рид, девојката задолжена за оружје на филмскиот сет на „’Рѓа“, која го наполнила пиштолот со вистински куршуми со кој актерот Алек Болдвин ја застрела и ја уби снимателката Халина Хачинс, е осудена на 18 месеци затвор. Гутиерез е осудена откако поротниците во Санта Фе, Ново Мексико, по судењето, ја прогласија за виновна за убиство од …

Падна првата пресуда за убиството на Халина Хачинс: 18 месеци затвор за девојката која му даде наполнет пиштол на Алек Болдвин Read More »

ФОТО | „Семејно патување“: Сергеј Трифуновиќ во друштво на 23 години помладата свршеница и татко си

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ неодамна се сврши со својата 23 години помлада девојка Исидора Мијановиќ на нејзиниот роденден. Сергеј и младата Исидора не се делат еден од друг, а актерот сега на својот инстаграм-профил објави фотографија која ги воодушеви сите негови следбеници. Имено, Сергеј заминал на семејно патување, а на сликата што ја објави ги …

ФОТО | „Семејно патување“: Сергеј Трифуновиќ во друштво на 23 години помладата свршеница и татко си Read More »

ФОТО+ВИДЕО | Роденденска забава за малиот Моша: Синот на Слаткар и Сања Николиќ наполни 4 години

Синот на Сања Николиќ и Марко Маринковиќ попознат на јавноста како Слаткар, наполни четири години. Среќните родители на малиот Моша му приредија роденденска забава со неговиот омилен јунак Спајдермен. Имено, Слаткар и Сања на социјалните мрежи споделија неколку видеа и фотографии на кои е доловена атмосферата од детскиот роденден. Роденденската забава беше со црвено-сини балони, …

ФОТО+ВИДЕО | Роденденска забава за малиот Моша: Синот на Слаткар и Сања Николиќ наполни 4 години Read More »

Рецепт за пилешко во сос од печурки: Кремаст оброк кој можете со сè да го комбинирате

Јадењата со пилешко месо речиси сите ги сакаат, а може да се приготвува во разни варијанти и да се сервира со разни прилози. Меѓутоа, ако пилешкото се приготвува во сос од печурки, тогаш дефинитивно тоа ќе биде рецепт кој сите ќе го обожаваат. Состојки: – 1 големо парче пилешко филе без коски – 400 грама …

Рецепт за пилешко во сос од печурки: Кремаст оброк кој можете со сè да го комбинирате Read More »

Трик рецепт за вкусна пица која содржи само 300 калории

Пицата е омиленото јадење за многумина, но таа може да биде и многу калоричен оброк. Со мали кулинарски трикови, пицата можете да ја трансформирате во диетално јадење во кое ќе уживате без грижа на совест. Денеска ви претставуваме рецепт за пица без класично тесто, која содржи само 300 калории. Состојки: –  800 грама изрендан карфиол …

Трик рецепт за вкусна пица која содржи само 300 калории Read More »

Експерти препорачуваат: Неколку видови овошје кои треба често да ги јадеме, не содржат многу шеќер

Многу здравствени придобивки се поврзани со редовното консумирање на овошје. Се препорачува да се јаде овошје за да се задоволи потребата од шеќер, која е значително помала отколку во слатките, колачите и сличната храна. Експертките Ерика Барера и Колет Мицко издвоија неколку видови на овошје кои се многу здрави и познати по тоа што не …

Експерти препорачуваат: Неколку видови овошје кои треба често да ги јадеме, не содржат многу шеќер Read More »

Дали знаете каде е подобро да се чува чоколадото, на собна температура или во фрижидерот?

Експертите за отпадоци од храна во „InSinkErator“ ги истражувале навиките за складирање чоколада и се покажало дека многумина не се сигурни за најдобриот начин за складирање на чоколадото – дали треба да се чува во фрижидер или во фиока. По 18.000 пребарувања за тоа како да се чува чоколадото, многумина сè уште веруваат дека треба …

Дали знаете каде е подобро да се чува чоколадото, на собна температура или во фрижидерот? Read More »

Рецепт за посен чискејк, засладете се со неповторливиот вкус!

Во текот на постот обично сите копнеат по слатки и колачи. Затоа, денеска ви предлагаме рецепт за посен чискејк, кој е идеален за сите пригоди, од семејни собири до посебни прослави. Тоа ви дава можност да уживате во вкусниот деликатес без додавање производи од животинско потекло. А неговиот вкус може да ѝ парира на секоја …

Рецепт за посен чискејк, засладете се со неповторливиот вкус! Read More »

Нова студија: Овој вид месо може да го зголеми ризикот од рак на устата

Врската помеѓу релативно високото консумирање месо и одредени видови на рак е добро утврдена. Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира преработеното месо – како сланина, колбаси и други сувомесни производи – заедно со пушењето и азбестот како канцерогени „група 1“, но напоменува дека консумирањето на преработеното месо треба да биде ограниченo, за разлика од пушењето …

Нова студија: Овој вид месо може да го зголеми ризикот од рак на устата Read More »

Истражување открива: Едноставна промена во вашата дневна рутина може да го намали крвниот притисок

Дaли се обидувате да го намалите крвниот притисок? Седете помалку секој ден и може да видите изненадувачки резултати, велат експертите. Новото истражување сугерира дека седењето помалку во текот на денот може да направи чуда за вашето здравје. Минатиот месец во „ЈАМА Опен нетворк“ беше објавена студија во која беа опфатени 283 постари лица на возраст …

Истражување открива: Едноставна промена во вашата дневна рутина може да го намали крвниот притисок Read More »

Научниците открија од каде доаѓаат повеќето „болнички“ инфекции

Докторите и пациентите нашироко веруваат дека инфекциите што ги добиваат пациентите во болниците се предизвикани од „супербактериите“ на кои се изложени додека примаат третман. Генетското истражување за бактериите кои ги предизвикуваат овие инфекции, сепак, кажува поинаква приказна – повеќето инфекции стекнати во болница се предизвикани од претходно безопасни бактерии кои пациентите веќе ги имале во …

Научниците открија од каде доаѓаат повеќето „болнички“ инфекции Read More »

Разговор со Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ, иноватори: Ја создадовме ДИА, првата мобилна апликација за дијабетичари во Македонија

Дијабетесот е една од најчестите болести на современото општество, состојба со која се соочуваат милиони луѓе низ светот. Дијабетичарите мора редовно да го следат нивото на шеќерот во крвта, со цел да ги избегнат можните компликации и да имаат поквалитетен живот со оваа болест. Младите иноватори Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ ја создадоа ДИА, првата …

Разговор со Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ, иноватори: Ја создадовме ДИА, првата мобилна апликација за дијабетичари во Македонија Read More »

Нутриционистка од Харвард тврди: Пет најдобри опции за здрав појадок, 20 години ја истражувам најздраватa храна за мозокот

Појадокот е првиот извор на енергија за мозокот, а за да го задржите фокусот, концентрацијата и оптималното функционирање во текот на денот, неопходно е да му ја дадете вистинска храна. А, ако кога некој вели појадок, прво помислувате на колачи, сендвичи, слатки кроасани, снегулки и слатки пијалаци од кафе, не сте на добар пат. Тоа …

Нутриционистка од Харвард тврди: Пет најдобри опции за здрав појадок, 20 години ја истражувам најздраватa храна за мозокот Read More »

Симон де Бовоар: Феминистката која му напиша 112 писма на својот љубовник

Симон де Бовоар беше француска писателка, авторка на многу романи, есеи и мемоари, проткаени со духот на егзистенцијализмот. Таа е родена на денешен ден, во далечната 1908 година. Својот живот го започнала и го завршила во градот на светлината – Париз. Починала на 78-годишна возраст, како последица на пневмонија. Нејзиното вечно почивалиште се наоаѓа во …

Симон де Бовоар: Феминистката која му напиша 112 писма на својот љубовник Read More »

Проклетството кое ги следеше членовите на групата „Нови фосили“

„Нови фосили“ беше една од најпопуларните музички групи во поранешна Југославија. Нивните големи хитови, како „За стара добра времена“, „Ја сам за плес“, „Еј, мој Саша“ итн., ја обележаа младоста на генерациите кои растеа во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, пишува „Стил“. Па, затоа сите беа изненадени кога членовите на групата одлучија да …

Проклетството кое ги следеше членовите на групата „Нови фосили“ Read More »

Првата трагична дива на Холивуд: Умрела на 26 години, а нејзината мистериозна смрт никогаш не била разјаснета

„Hell’s Angels“ (1930), „Red Dust“ (1932), „Dinner at Eight“ (1933), „Libeled Lady“ (1936) се само дел од филмовите во кои блесна актерскиот талент на Џин Харлоу (1911 – 1937), првата Американка која го освои светот со својата платинесто руса коса, пишува „Стил“. Во својата кратка, но плодна кариера, таа соработувала со најголемите режисери во тоа …

Првата трагична дива на Холивуд: Умрела на 26 години, а нејзината мистериозна смрт никогаш не била разјаснета Read More »

Триесет години без легендарниот Курт Кобејн: Се бореше со зависноста, се ожени со Кортни Лав во пижами

Пред 30 години почина легендарниот Курт Кобејн, фронтменот на групата „Нирвана“, човекот кој го промени ликот на музичката сцена на крајот на 80-тите. Заедно со Ејми Вајнхаус, Џими Хендрикс, Џенис Џоплин и многу други, Курт почина нешто повеќе од еден месец по неговиот 27. роденден, станувајќи „член“ на „клубот 27“ – група млади уметници кои …

Триесет години без легендарниот Курт Кобејн: Се бореше со зависноста, се ожени со Кортни Лав во пижами Read More »

Најстарата христијанска книга ќе се продава на аукција

Најстарата религиозна книга на христијанството, според аукциската куќа Кристи, ќе биде пуштена во продажба во јуни. Кодексот на Крозби-Шојен, напишан со коптско писмо на папирус во Египет, датира помеѓу 250-350 н.е. Исто така, се смета дека е една од најстарите книги што постојат и може да се продаде за 3,8 милиони долари. Литургиската книга е …

Најстарата христијанска книга ќе се продава на аукција Read More »

Дневен хороскоп за 16 април: Бидете внимателни кон потребите на партнерот

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 16 април погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска. Овен Овни, внимавајте на деталите и бидете темелни во работата. Прецизноста ќе ве доведе до успех. Денеска фокусирајте се на отворена комуникација со партнерот. Споделувањето на вашите чувства отворено може да ја зајакне вашата врска. Одржувајте рамнотежа помеѓу физичката активност …

Дневен хороскоп за 16 април: Бидете внимателни кон потребите на партнерот Read More »

Хороскопски знаци кои ќе се издигнат како феникс во април: Ќе доживеат духовно исцелување под влијание на ретроградниот Меркур

Астролошки гледано, ова е период од годината кога животот „ни се превртува наопаку“. Ретроградниот Меркур ќе влијае на знаците до 25 април и ќе создаде чувство на „збунетост, одложување и фрустрација“, пишува „Сенса“. Истовремено, овој транзит ќе иницира духовни трансформации. Ако сте во знак или подзнак на еден од овие три знаци, ретроградниот Меркур ќе …

Хороскопски знаци кои ќе се издигнат како феникс во април: Ќе доживеат духовно исцелување под влијание на ретроградниот Меркур Read More »

Дневен хороскоп за 15 април: Бидете внимателни со финансиските одлуки

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 15 април погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска. Овен Фокусирајте се на организирање деловни задачи за да бидете поефикасни и да постигнете повеќе на работното место. Денешниот ден ви носи длабоки емотивни разговори со саканата личност, кои ќе ја зајакнат вашата врска. Ви треба повеќе одмор и релаксација …

Дневен хороскоп за 15 април: Бидете внимателни со финансиските одлуки Read More »

Дневен хороскоп за 14 април: Не дозволувајте денеска да ве обземат сомнежи

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 14 април, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес. Овен Оптоварени сте со различни обврски, но правите сè што е потребно за да се фокусирате на приоритетните цели. Новите настани обично ги доживувате како голем товар. Ќе чувствувате емоционална или ментална вознемиреност. Потешко ги разликувате вашите субјективни желби во …

Дневен хороскоп за 14 април: Не дозволувајте денеска да ве обземат сомнежи Read More »

Три хороскопски знаци кои следната деценија ги очекува среќа: Засекогаш ќе ги решат финансиските проблеми

Хороскопот, исто како и животот, носи неочекувани пресврти, подеми и падови, а коцките совршено ќе се редат за три хороскопски знаци во следната деценија. Следните 10 години ќе бидат неверојатно среќен период за овие хороскопски знаци бидејќи ќе бидат придружени со напредок во сите области од животот. Финансискиот успех ќе им овозможи да постигнат сè …

Три хороскопски знаци кои следната деценија ги очекува среќа: Засекогаш ќе ги решат финансиските проблеми Read More »

ГАЛЕРИЈА | Пролетната мода по скопските улици

Скопјанки отсекогаш важеле за исклучително средени жени и големи вљубенички во модата, кои секогаш ги следат актуелните модни трендови. Убавото пролетно време е идеално за прошетка и ги инспирираше дамите да бидат креативни во својот моден израз. Светлите бои, цветните дезени и впечатливите модни додатоци се само дел од она што скопјанките самоуверено го носат …

ГАЛЕРИЈА | Пролетната мода по скопските улици Read More »

„Најдобрата грешка во мојот живот“: Жена купила погрешен лоз, а потоа добила милион долари на лотарија

Жена од американската сојузна држава Вирџинија е побогата за милион долари благодарение на притискањето на погрешно копче при купување лоз. „Тоа беше најдобрата грешка во мојот живот“, изјави Миријам Лонг на претставниците на лотаријата на Вирџинија. Лонг, која живее во близина на Роанок, раскажа дека во средината на март отишла во локална продавница за да …

„Најдобрата грешка во мојот живот“: Жена купила погрешен лоз, а потоа добила милион долари на лотарија Read More »

ФОТО | Бил Гејтс се појави со новата девојка, во неа се вљуби по разводот од Мелинда

Милијардерот Бил Гејтс во саботата се појави со новата партнерка Пола Хaрд на доделувањето на наградите „Брејктру прајз“(Breakthrough Prize) во Лос Анџелес, каде што се доделуваат признанија на научниците кои го менуваат светот. Новопечената двојка била складно облечена на престижниот настан. На ова глетка јавноста не е навикната, бидејќи милијардерот претходно во јавноста се појавуваше …

ФОТО | Бил Гејтс се појави со новата девојка, во неа се вљуби по разводот од Мелинда Read More »

Три работи кои мажите ги мразат во сексот, а бројот 3 воопшто не им се допаѓа

Дали некогаш сте се запрашале кои работи вашиот партнер не ги сака во креветот? Колку и да мислите дека сè што правите во креветот му годи на вашиот партнер, постојат одредени работи со кои тој баш и не се согласува. Вистина е дека секој маж претпочита различни работи, но исто така постојат и оние кои …

Три работи кои мажите ги мразат во сексот, а бројот 3 воопшто не им се допаѓа Read More »

Објавена листата на земји во кои жените имаат најголем задник: Македонија не е на списокот

Жените од Јужна Африка имаат најголеми задници, открива новото истражување. Податоците што ги собра компанијата за истражување на пазарот „ГитНукс“ (GitNux) детално ја опиша просечната големина на колковите и бедрата на жените во 17 земји, што одговара на големината на нивниот задник. Македонија не се наоѓа на списокот. Првото место го зазеде Јужноафриканската Република, потоа …

Објавена листата на земји во кои жените имаат најголем задник: Македонија не е на списокот Read More »

ВИДЕО | НАСА работи на робот-куче за спасувања на Месечината

Мултидисциплинарен тим на НАСА почна да ги „подучува“ роботите слични на кучиња да се движат по месечевите кратери и другите слични предизвикувачки планетарни површини. Како дел од истражувањето финансирано од американската вселенска агенција, стручњаци од повеќе универзитети и вселенскиот центар „Џонсон“ на НАСА уште од летото 2023 година тестираат тн. „робот-куче“ наречен „Спирит“ (Spirit). На …

ВИДЕО | НАСА работи на робот-куче за спасувања на Месечината Read More »

Илон Маск: Вештачката интелигенција ќе ја надмине човечката интелигенција веќе следната година

Вештачката интелигенција (ВИ) ќе ја надмине интелигенцијата на секој човек до крајот на следната година, под услов да има доволно електрична енергија и хардвер, изјави американскиот претприемач Илон Маск во интервју со Николај Танген, кој е извршен директор на норвешкиот државен фонд. Тој верува дека можностите на вештачката интелигенција ќе ги надминат можностите на целото …

Илон Маск: Вештачката интелигенција ќе ја надмине човечката интелигенција веќе следната година Read More »

ВИДЕО | Создадено првото музичко видео со вештачка интелигенција: Комбинација од психоделични елементи

Со помош на вештачка интелигенција, најновата алатка „Сора“ го создаде првото музичко видео на Август Кемп во кое се комбинирани психоделични визуелни елементи и амбиентална музика. Станува збор за видеоспот за песната „Worldweight“ во кој се вклучени различни средини, од облачни плажи до шуми со олтари, па сè до сцени кои наликуваат на парчиња од …

ВИДЕО | Создадено првото музичко видео со вештачка интелигенција: Комбинација од психоделични елементи Read More »

ФОТО | НАСА го истражува мистериозниот „вселенски објект“ што се урна над куќа на Флорида и проби два ката

НАСА ги истражува остатоците кои се урнале во куќа на Флорида и за кои се сомневаат дека се од Меѓународната вселенска станица, што предизвика загриженост за безбедноста на луѓето на Земјата. Мистериозниот објект што падна врз куќа во Флорида во март предизвика загриженост, а НАСА сега ги истражува околностите на инцидентот поврзани со тој објект, …

ФОТО | НАСА го истражува мистериозниот „вселенски објект“ што се урна над куќа на Флорида и проби два ката Read More »

Професорот Орце Симов ја промовираше книгата „Моделирање и компјутерска симулација на генетски регулаторни мрежи“

Професорот Орце Симов деновиве ја промовираше својата книга: „Моделирање и компјутерска симулација на генетски регулаторни мрежи“. Во книгата се обработуваат теми од областа на биоинформатиката, компјутерските науки и на генетскиот инженеринг.     – Во една клетка има ДНК-молекули во кои се запишани сите информации како таа да функционира. Таа е поделена на фрагменти наречени …

Професорот Орце Симов ја промовираше книгата „Моделирање и компјутерска симулација на генетски регулаторни мрежи“ Read More »

Шаоми ѝ пркоси на Тесла произведувајќи го својот прв електричен автомобил

Кинескиот производител на паметни телефони Шаоми ќе го лансира своето прво електрично возило (ЕВ) и од денес ќе започне да прима нарачки. Нејзиниот главен извршен директор Леи Јун оваа недела изјави дека Спид Ултра 7 (СУ7) ќе има цена од нешто под 500.000 јуани (69.186 долари). Овој потег ќе доведе до тоа технолошкиот гигант да …

Шаоми ѝ пркоси на Тесла произведувајќи го својот прв електричен автомобил Read More »

Нисан и Хонда се договорија да работат заедно во развојот на електрични возила

Нисан и Хонда објавија дека ќе работат заедно во развојот на електрични возила и технологија за авто-интелигенција, сектори каде што јапонските производители на автомобили заостанаа, пренесува АП. Главните директори на Нисан и Хонда се појавија заедно на прес-конференција во Токио за да објават дека вториот и третиот најголем јапонски производители на автомобили ќе разгледаат области …

Нисан и Хонда се договорија да работат заедно во развојот на електрични возила Read More »

Ретко Ферари украдено во 1995 година е пронајдено од британската полиција

Ретко Ферари украдено пред 28 години од поранешен возач на Формула 1 во Лондон е пронајдено од британската полиција. Црвеното Ферари Ф512М било испорачано во Јапонија откако било одземено од Герхард Бергер во 1995 година, соопшти полицијата. Автомобилот, вреден 350.000 фунти, бил едно од двете украдени возила на Ферари. Другото останува исчезнато, пренесува Би-Би-Си. Полицајците …

Ретко Ферари украдено во 1995 година е пронајдено од британската полиција Read More »

Фризерите се највнимателни во сообраќајот, адвокатите најмногу претекнуваат, а најагресивни возачи се лекарите

Истражувањето на британските возачи открива поврзаност помеѓу професиите на возачите и нивните возачки навики. Резултатите од истражувањето откриваат дека лекарите го заземаат првото место по агресивно возење, додека фризерите се најмирни возачи. Истражувањата укажуваат на директна врска помеѓу занимањето и возачките навики, откривајќи кои професии се повеќе склони кон брзо возење, несоодветно паркирање и опасно …

Фризерите се највнимателни во сообраќајот, адвокатите најмногу претекнуваат, а најагресивни возачи се лекарите Read More »

Кинескиот производител на електрични автомобили ја престигна Тесла во продажба на крајот на 2023 година

Кинескиот производител на електрични возила БЈД го надмина Тесла по продажба во последните три месеци од минатата година, но американската компанија ја задржа водечката позиција во текот на целата година, покажуваат податоците. БЈД во понеделникот објави дека продала 526.000 електрични возила во последните три месеци од 2023 година. Тесла вчера објави дека испорачала 484.500 електрични …

Кинескиот производител на електрични автомобили ја престигна Тесла во продажба на крајот на 2023 година Read More »