• Културен печат

Виолинистот Бојан Илкоски како солист ќе настапи со оркестарот на Македонската филхармонија

На концертот насловен „Татковина“, што ќе се одржи на 28 март во Македонската филхармонија, под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски ќе настапи еден од најпосветените музички уметници кај нас, виолинистот Бојан Илкоски. На програмата ќе бидат изведени виртуозниот Концерт за виолина и оркестар бр.1 од Николо Паганини (1782-1840), исклучително виртуозно дело кое не ги …

Виолинистот Бојан Илкоски како солист ќе настапи со оркестарот на Македонската филхармонија Read More »

Кореографката и професорка Искра Шукарова престојува на уметничка резиденција во Талин

Во периодот од 26 до 31 март, кореографката и професорка при Катедрата за балетска педагогија при ФМУ-УКИМ, Искра Шукарова, е поканета на уметничка резиденција во Талин, Естонија. Во Талин, Шукарова ќе ја проследи премиерата на компанијата Кули Росна и Кенет Флак во соработка со Ракеш Сукеш, насловена „Шелтероуроборос“, која ќе се одржи на 28 март, …

Кореографката и професорка Искра Шукарова престојува на уметничка резиденција во Талин Read More »

Светскиот ден на театарот традиционално го одбележуваат македонска и светска порака до театарџиите

Македонскиот центар ИТИ/Продукција во име на Светската организација за изведувачки уметности ИТИ секоја година по повод Светскиот ден на театарот – 27 март, ги дистрибуира светската и македонската порака до пошироката јавност. Годинава автор на светската порака е драмскиот автор и писател од Норвешка – нобеловецот Јон Фосе, додека автор на македонската порака е доајенот …

Светскиот ден на театарот традиционално го одбележуваат македонска и светска порака до театарџиите Read More »

Стихозбирката „Песнило“ од Ива Петреска ќе биде промовирана во „Лабораториум“

Дебитантската стихозбирка „Песнило“ од младата поетеса Ива Петреска ќе биде промовирана на 27 март, со почеток од 20 часот, во „Кафе Лаб“ („Лабораториум“) во Скопје. Збирката низ разговор со авторката ќе ја претстави Јулијана Величковска, а настанот ќе биде збогатен и со изложба на фотографии од Колевски. – „Песнило“ пее за сите нешта што се …

Стихозбирката „Песнило“ од Ива Петреска ќе биде промовирана во „Лабораториум“ Read More »

Драмски театар ќе промовира монографија за Ристо Стефановски

Светскиот ден на театарот – 27 март во НУ Драмски театар Скопје ќе се одбележи со промоција на монографијата „Ристо Стефановски“, а настанот ќе почне во 18 часот. Промотор на монографското издание ќе биде Искра Гешоска, теоретичарка на книжевност и уметност. Актерите Александар Степанулески, Предраг Павловски, Маја Вељковиќ-Пановска и Јована Спасиќ пред посетителите ќе прочитаат …

Драмски театар ќе промовира монографија за Ристо Стефановски Read More »

Театар Комедија со премиера на претставата „Пар распар“ ќе го прослави Светскиот ден на театарот

Театар Комедија ќе го прослави Светскиот ден на театарот со првата премиера за оваа година. На 27 март (среда), со почеток во 20 часот, на големата сцена на Театар Комедија премиерно ќе биде изведена претставата „Пар распар“ од Нил Сајмон, во режија на Нина Николиќ и во превод на македонски јазик на Маја Трајаноска Ивановска. …

Театар Комедија со премиера на претставата „Пар распар“ ќе го прослави Светскиот ден на театарот Read More »

Концертна промоција на нов албум од експерименталната џез-сцена ќе се одржи во „Џези“

Слободна и структурирана импровизација во духот на новиот албум на Филип Букршлиев, Константин Хаџи Коцев и Нинослав Спировски со наслов „Трансмаргинал Беверли Хилс – во живо во Џези“ (Transmarginal Beverly Hills –Live at JaZzy) ќе се одржи на 27 март, во 21 часот, во „JaZzy Music Venue“ (поранешен ЗЗ Топ). Во снимањето на албумот учествуваа …

Концертна промоција на нов албум од експерименталната џез-сцена ќе се одржи во „Џези“ Read More »

Завршија првите „Денови на поезијата“ во „Скопје сити мол“

Со поетско читање на дванаесетмина од најмладите поетски таленти во земјава, финалисти на поетскиот конкурс „Скопје си ти“, во организација на „Култура бета“ и „ПНВ Публикации“, на 24 март заврши манифестацијата „Денови на поезијата“ во „Скопје сити мол“, кои почнаа на 21 март – Светскиот ден на поезијата. Во своето завршно обраќање, Владимир Мартиновски, декан …

Завршија првите „Денови на поезијата“ во „Скопје сити мол“ Read More »

Во Македонската филхармонија се одржа продуктивна средба со новиот шеф-диригент маестро Јерухам Шаровски

Македонската филхармонија ја продолжува соработката со новиот шеф-диригент, маестро Јерухам Шаровски од Израел, којашто започна минатата концертна сезона. Маестро Шаровски оваа недела е во Скопје, со цел да оствари средби со музичарите и Уметничкиот одбор, како би се докомплетирала годишната програма, поточно концертните настани за оваа и за наредната сезона, настани со кои најстарата национална …

Во Македонската филхармонија се одржа продуктивна средба со новиот шеф-диригент маестро Јерухам Шаровски Read More »

Театарот за деца и младинци денес го прославува својот 34-ти роденден

Првиот професионален детски театар на македонски јазик, Театар за деца и младинци – Скопје, на 25 март го прославува својот 34. роденден со изведба на претставата „Црвенкапа“ на Фестивалот „5ре“ во Велес. Театарот за деца и младинци – Скопје, сѐ уште ги создава најважните детски, куклени и младински претстави во поранешниот воен ресторан „Вардар“, а …

Театарот за деца и младинци денес го прославува својот 34-ти роденден Read More »