• Културен печат

Со изложба на Дубравка Угрешиќ почнува деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура

Деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, годинава со тематска рамка „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“, ќе почне на 26 април, во 19.30 часот, со отворање на изложбата „Црвеното училиште“ на писателката Дубравка Угрешиќ. Изложбата ќе биде поставена во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје. На отворањето на изложбата ќе говорат Маја Бојаџиевска и …

Со изложба на Дубравка Угрешиќ почнува деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура Read More »

Групната меѓународна изложба „Периферии“ ќе може да се посети во Охрид и во Струга

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид и во „Јуроп хаус Струга“ од 25 до 27 април ќе се одржи групната меѓународна изложба „Периферии“, која настана за време на триесетдневната резиденција на осуммина меѓународни уметници кои престојуваа во Охрид во април 2024 година, како дел од проектот „ПРОСПЕР: ПРОтотип за одржливи резиденции на ПЕРиферии“. …

Групната меѓународна изложба „Периферии“ ќе може да се посети во Охрид и во Струга Read More »

Проект на Велимир Жерновски ќе биде претставен во Музејот на современата уметност во Скопје

Во Музејот на современата уметност во Скопје на 26 април, во 20 часот, ќе биде претставен проектот „Confutatis – од што се направени хероите?“ на ликовниот уметник Велимир Жерновски, реализиран како завршен настан во рамки на манифестацијата Европско номадско биенале – „Манифеста 14“ (28.10.2022). Во рамки на едновечерниот настан ќе биде промовирана печатена публикација со …

Проект на Велимир Жерновски ќе биде претставен во Музејот на современата уметност во Скопје Read More »

Изложбата „Цртеж. Експериментален цртеж“ на ДЛУМ ќе биде поставена во куќата на Борко Лазески

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) ја организира изложбата „Цртеж. Експериментален цртеж“ секоја година како дел од официјалната годишна програма. Изложбата оваа година се организира по осми пат, што го покажува постојаниот интерес на современите уметници за изразување во ова специфично ликовно подрачје. Изложбата ќе биде отворена од Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија …

Изложбата „Цртеж. Експериментален цртеж“ на ДЛУМ ќе биде поставена во куќата на Борко Лазески Read More »

Изложба на сликарот Панче Ѓорѓиев е поставена во галерија „Метаноја“

Галеријата „Метаноја“, во соработка со „Балканскиот институт за вера и култура“, го најави отворањето на изложбата „Дрвото на животот“ на академскиот сликар Панче Ѓорѓиев во четврток, 25 април 2024 година, од 19 часот, на ул. „Максим Горки“ бр. 19 во Скопје. За изложбата д-р Коста Милков напиша: „Од самите наслови на сликите и сценскиот приказ, …

Изложба на сликарот Панче Ѓорѓиев е поставена во галерија „Метаноја“ Read More »

Издавачот „Матица македонска“ ја објави новата стихозбирка „Свилени времиња“ на Марина Мијаковска

Во издание на „Матица македонска“ излезе од печат најновата стихозбирка „Свилени времиња“ од Марина Мијаковска. Промоцијата на „Свилени времиња“ ќе се одржи на 25 април (четврток), во 19 часот, во книжарницата „Матица ексклузив“. Промоторка на книгата е д-р Лилјана Пандева, а стихови од книгата ќе чита Ирена Јурчева. Книгата содржи осумдесет и четири песни распределени …

Издавачот „Матица македонска“ ја објави новата стихозбирка „Свилени времиња“ на Марина Мијаковска Read More »

Маестро Конрад ван Алфен ќе диригира на концертот „Божествен“ на Македонската филхармонија

По повод најголемиот христијански празник Велигден, Македонската филхармонија го најави концертот „Божествен“, што ќе се одржи в четврток, на 25 април, со почеток во 20 часот. Премиерно во Македонија, на концертот ќе биде изведено едно од највеличествените дела на шкотскиот композитор Џејмс Мекмилан со наслов „Седумте последни зборови од крстот“. Во вториот дел од програмата …

Маестро Конрад ван Алфен ќе диригира на концертот „Божествен“ на Македонската филхармонија Read More »

Првата самостојна изложба на Јана Николовска со наслов „Трансценденција“ е поставена во КИЦ-Скопје

Визуелната уметница Јана Николовска е родена во 1994 година во Скопје, Македонија. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. м-р. Жанета Вангели во 2018 година. Првите медиуми во кои создавала се сликарството и цртањето. Малку подоцна, таа почнала да се занимава со фотографија и дигитални уметнички дела. Таа го истражувала …

Првата самостојна изложба на Јана Николовска со наслов „Трансценденција“ е поставена во КИЦ-Скопје Read More »

Поетската книга „Денар на валкан тротоар“ од Јовица Ивановски ќе има промоција во „Лабораториум“

Во едукативно-културниот центар „Лабораториум“ на 24 април, со почеток во 20 часот, ќе се одржи промоција на поетската книга „Денар на валкан тротоар“ од Јовица Ивановски. Книгата ќе ја промовира Елизабета Баковска, а песни ќе читаат актерите Петар Арсовски и Емил Рубен. Поетот Јовица Ивановски е роден во Скопје, во 1961 година. Автор е на …

Поетската книга „Денар на валкан тротоар“ од Јовица Ивановски ќе има промоција во „Лабораториум“ Read More »

Балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ ќе има изведба на „Танц фест Скопје“

На големата сцена во Националната опера и балет, во рамки на јубилејното 20-то издание на фестивалот „Танц фест Скопје 2024“, на 23 април, во 20 часот, ќе биде изведена претставата „Молитви на моето тело“, со што завршува програмата насловена „Паралели“. Претставата „Молитви на моето тело“ е балетски триптих, инспирирана од циклусот поезија со истоимениот наслов …

Балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ ќе има изведба на „Танц фест Скопје“ Read More »