• Културен печат

Премиерата на документарниот филм „Време на бетон“ ќе се одржи во киното „Фросина“

Документарниот филм „Време на бетон“ ја раскажува приказната за Скопје, поточно неговата архитектонско-урбанистичка историја. Особен фокус е ставен на модерната, која го следи градот од почетокот на дваесеттиот век. Посебно е фокусирана кусата ера на брутализмот, кога градот ја доживеа својата архитектонска и урбана ренесанса. – Што е она што доведе до овој подем во …

Премиерата на документарниот филм „Време на бетон“ ќе се одржи во киното „Фросина“ Read More »

Концерт на камерниот ансамбл „Алтус“ со солисти ќе се одржи на 47. ДММ

Последен концерт од пролетната програма на 47. Денови на македонска музика (ДММ) е настапот на камерниот ансамбл „Алтус“ со солисти под диригентската палка на францускиот диригент Паскал Галоа. Концертот ќе биде изведен на малата сцена во НУ Филхармонија на 17 април, со почеток во 20 часот. Влезот на концертот е слободен. На програмата се дела …

Концерт на камерниот ансамбл „Алтус“ со солисти ќе се одржи на 47. ДММ Read More »

Оперскиот уметник Иван Наумовски ќе го одржи концертот со наслов „Мост“

Македонскиот бас-баритон Иван Наумовски, оперски уметник со интернационална кариера и професор на Факултетот за музичка уметност, го најави својот концерт со наслов „Мост“. Концертот ќе се одржи на 17 април (среда), во Музеј на македонската борба, со почеток во 20 часот, и ќе бидат изведени дела од Р. Штраус, А. Цемлински, Ј. Брамс, А. Берг, …

Оперскиот уметник Иван Наумовски ќе го одржи концертот со наслов „Мост“ Read More »

Уникатни керамички скулптури од Боро Новаковски – Новак ќе бидат изложени во „Арт хаб“

Изложба на скулптури од керамика со наслов „Временски сензации“ на Боро Новаковски – Новак ќе биде отворена на 18 април (четврток) во Уметничкиот центар „Арт хаб“ во Скопје, ГТЦ, 2 кат, локал 306, со почеток во 20 часот. На изложбата ќе бидат презентирани ретките сочувани дела на Боро Новаковски – Новак, чијашто кариера како керамичар …

Уникатни керамички скулптури од Боро Новаковски – Новак ќе бидат изложени во „Арт хаб“ Read More »

Обновена е библиотеката „13 Ноември“ во Кисела Вода

Библиотеката „13 Ноември“, дел од големата библиотечна мрежа на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, после 11 години продолжува да работи во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода. Библиотеката беше реотворена на 15 април со книжен фонд од околу 8.000 книги: лектирни изданија, книги и сликовници за деца, белетристика и научна литература. – …

Обновена е библиотеката „13 Ноември“ во Кисела Вода Read More »

Современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин и Националниот балет е на програмата на „Танц фест Скопје“

Јубилејното 20-то фестивалско издание на „Танц фест Скопје 2024“, кое се одржува под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“ продолжува на 16 април, во 20 часот, во Националната опера и балет, со изведба на современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин. Претставата е дел од програмата „Паралели“, која фестивалот …

Современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин и Националниот балет е на програмата на „Танц фест Скопје“ Read More »

Романот за млади „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова е добитник на наградата „Пегаз“ за 2023 година

Свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2023 година и промоцијата на победничкиот роман – „Риба во(н) мрежа“ од авторката Јована Матевска Атанасова ќе се одржат на 16 април (вторник), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман ќе се обрати жирито во состав: Николина …

Романот за млади „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова е добитник на наградата „Пегаз“ за 2023 година Read More »

Новата книга на Румена Бужаровска ќе има промоција во „Јавна соба“

Промоцијата на новата книга на Румена Бужаровска, збирката есеи „Господ, па Америка“ во издание на „Три“, ќе се одржи на 15 април, во 19.30 часот, во „Јавна соба“ во Скопје. Есеите што веќе беа објавени на српски јазик во „Велике приче“ го добиваат своето прво македонско издание. Станува збор за лични гледишта и критика кон …

Новата книга на Румена Бужаровска ќе има промоција во „Јавна соба“ Read More »

Творечкиот пат на композиторот Стојан Стојков остави траен белег во градењето на македонската музичка култура

Во рамките на 47. Денови на македонска музика (ДММ2024) на 10 април, во Музејот на македонската борба се одржа промоција на монографијата „Стојан Стојков – мојот творечки пат“. Монографијата „Мојот творечки пат“ претставува преглед на творечкото патување на Стојан Стојков низ кое тој се гради како композитор, но и како личност со високи професионални и …

Творечкиот пат на композиторот Стојан Стојков остави траен белег во градењето на македонската музичка култура Read More »

Новата претстава во МНТ носи приказна сместена во светот на бајките

Македонскиот народен театар ја најави премиерата на претставата „Хенгинг Араунд“, која се поставува на текст на Љупчо Јованов во режија и адаптација на Бојан Трифуновски. Премиерната изведба е планирана за 19 април, во 20 часот, во МНТ. Улогите во претставата им се доделени на актерите Сашко Коцев, Стефан Спасов, Александар Михајловски, Гораст Цветковски, Борче Начев …

Новата претстава во МНТ носи приказна сместена во светот на бајките Read More »