Мирко – немирко
Нашето другарување започна уште во раното детство. Во основното училиште „Браќа Рибар“ бевме неразделни. Јас висок, дебеличок, смеѓ, како оние пластични топки со сладолед на кои се сеќаваат само оние чијашто година на раѓање се разликуваше од нашата за неколку цифри (подолу или погоре), а тој мал, слаб, црн, како изгорено шкорче. Сигурно изгледавме многу …