Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Пехчево
Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка која се случила вчера во Пехчево. Несреќата се случила вчера 19.40 часот на ул.„Равен“ во Пехчево помеѓу „форд фокус“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(23) од Пехчево и мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблици, управуван од Г.А.(31) од с.Чифлик, пехчевско. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.