• Хроника

Малолетничка силувана во Шуто Оризари

Вчера наутро била силувана малолетничка во Шуто Оризари. „На 23.04.2024 во 09.30 часот во СВР Скопје, 61-годишен скопјанец пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари врз неговата малолетна внука била извршена обљуба од страна на Е.С., со кого била во љубовна врска“, информираат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Четириесет и осумгодишен охриѓанец е приведен утрово бидејќи го фотографирал гласачкото ливче на Избирачкото место 1271 во Охрид. Како што соопштија од СВР Охрид, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Тетовец платил преку интернет 21.000 евра за роба која не стигнала

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот регион пријавил измама во која дал пари на странска фирма за набавка на роба, па открил дека е измамен по информација од германски служби. Тој нарачувал преку интернет. – На 23.04.2024 година во 11.30 часот во СВР Тетово, Б.Ф.(29) од тетовско, сопственик на правно лице, пријавил дека од …

Тетовец платил преку интернет 21.000 евра за роба која не стигнала Read More »

Грчки државјанин починал во казино во Битола

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил донесен Н.K.(62), државјанин на Грција, без знаци на живот. Лекарот констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено да се изврши обдукција. Увид на местото …

Грчки државјанин починал во казино во Битола Read More »

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди пренесен во болница

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден откако бил прегазен на улица „Димитрија Чуповски“ во Скопје. Несреќата се случила вчера во 14 часот а четириесет и седумгодишниот И.С. бил удрен од четириесетгодишниот Ј.А. од с.Лозово, велешко. На местото на несреќата извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Пехчево

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка која се случила вчера во Пехчево. Несреќата се случила вчера 19.40 часот на ул.„Равен“ во Пехчево помеѓу „форд фокус“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(23) од Пехчево и мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблици, управуван од Г.А.(31) од с.Чифлик, пехчевско. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.

Албански државјани нелегално влегле во Македонија

Двајца албански државјани биле приведени вчера откако нелегално ја преминале македонско-грчката граница. „Вчера во 18.10 часот на подрачјето на Стар Дојран на место викано „Солунски пат“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран ги привеле Е.Д.(41) и Д.Д.(33), двајцата од Република Албанија, поради тоа што нелегално ја преминале државната …

Албански државјани нелегално влегле во Македонија Read More »

Мотоциклист прегазил пешак на „Партизанска“

Триесетгодишен маж е тешко повреден откако бил прегазен од мотоциклист на пешак. Како што информираат од МВР, вчера во 20.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од дваесет и седумгодишниот Е.П. од Скопје, удрил во пешакот Н.Ѓ. од с.Рашче, скопско. Во несреќата …

Мотоциклист прегазил пешак на „Партизанска“ Read More »

Украден сеф од продажен објект во Карпош

Ноќеска на територија на општина Карпош бил украден сеф со пари од продажен објект. Како што информираат од МВР, ноќеска во 3.20 било пријавено дека била извршена кражба. МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Ученик претепал наставничка и нападнал соученици во Влае

Вчера ОУ „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае основец нападнал неколку различни групи на соученици, како и една наставничка, која подоцна со амбулантно возило била пренесена во болница. Станува збор за 14-годишен ученик без родители кој во Скопје престојува во мал групен дом.