• Хроника

Две колешки се истепале во средно училиште во Битола

Дваесет и осумгодишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., информираат од Министерство за внатрешни работа. „Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, наведено е во полицискиот билтен.

Тинејџер од Битола фатен при кражба во Крива Паланка

Полицијата вчера привела деветнаесетгодишно момче од Битола кое било фатено при кражба во Крива Паланка. Како што информираат од МВР, тој бил затекнат на улицата „Коце Металец“ во Крива Паланка при обид да одземе предмети од приватен имот. МВР против него ќе поднесе соодветна пријава.

Во Криволак приведен 20-годишен бегалец од затвор

Дваесетгодишен бегалец од затвор бил приведен ноќеска во неготинското село Криволак. „На 19.04.2024 во 00.05 часот во село Криволак, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле Ф.М.(20) од истото село, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија поради бегство од затворот“, информираат од МВР. Лицето …

Во Криволак приведен 20-годишен бегалец од затвор Read More »

Кочанчанец тешко повреден откако со мопед излетал од пат

Педесет и едногодишен кочанчанец е тешко повреден откако управувајќи мопед излетал од пат. „Вчера во 13.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Стамен Манов “ во Кочани, В.Џ.(51) од Кочани, управувајќи мопед со кочански регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница …

Кочанчанец тешко повреден откако со мопед излетал од пат Read More »

Кривична пријава за директорот на „Стрежево“ – купил стар ратрак кој го платил како да е нов

Директорот на Јавното претпријатие „Стрежево“ Методија Граматиковски заработи кривична пријава бидејќи купил стар ратрак а го платил како да е нов. Како што информираат од МВР, Граматиковски знаејќи дека правното лице во текот на 2018 имало набавено тапкач за снег – ратрак, спровел постапка за јавна набавка на ратрак за потребите на ЈП “Стрежево” Битола …

Кривична пријава за директорот на „Стрежево“ – купил стар ратрак кој го платил како да е нов Read More »

Казнети 133 брзи возачи

Полицијата во текот на вчерашниот ден санкционира 133 возачи кои возеле над пропишаната брзина. Како што информираат од МВР, од нив две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 64 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 69 надвор од населено место. „Сообраќајните контроли продолжуваат и во …

Казнети 133 брзи возачи Read More »

Притвор за еден од крадците на сефот во Црниче

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник кој е осомничен за кражбата на сеф со пари од маркет во скопската населба Црниче. -Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во затворен маркет на улицата „Востаничка“ во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет …

Притвор за еден од крадците на сефот во Црниче Read More »

Полицијата казни 153 возачи во Скопје поради прекршување на сообраќајните правила

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден санкционира 153 возачи поради прекршување на сообраќајните правила. Како што информираат од МВР, 28 санкции биле изречени за возење над пропишаната брзина, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за користење мобилен телефон при возење… МВР …

Полицијата казни 153 возачи во Скопје поради прекршување на сообраќајните правила Read More »

Филмски грабеж во Чаир, крадци одзел сеф со пари од менувачница

Неколку лица со употреба на сила и погоден предмет вчера влегле во менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки. Како што соопшти МВР, кражбата вчера во СВР Скопје во 10:15 часот ја пријавил сопственикот на менувачницата, М.Д.(42) од Скопје, а се …

Филмски грабеж во Чаир, крадци одзел сеф со пари од менувачница Read More »

Во Тетово јавен превоз на диво, полицијата поднесе кривични пријави против три лица

Поднесени се три кривични пријави против три лица од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. Како што соопшти денеска МВР, во првиот случај СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.С.(63) од Тетово, откако на 06.12.2023 на регионален пат Тетово – Брвеница, полициски службеници …

Во Тетово јавен превоз на диво, полицијата поднесе кривични пријави против три лица Read More »