• Хроника

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди пренесен во болница

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден откако бил прегазен на улица „Димитрија Чуповски“ во Скопје. Несреќата се случила вчера во 14 часот а четириесет и седумгодишниот И.С. бил удрен од четириесетгодишниот Ј.А. од с.Лозово, велешко. На местото на несреќата извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Пехчево

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка која се случила вчера во Пехчево. Несреќата се случила вчера 19.40 часот на ул.„Равен“ во Пехчево помеѓу „форд фокус“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(23) од Пехчево и мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблици, управуван од Г.А.(31) од с.Чифлик, пехчевско. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.

Албански државјани нелегално влегле во Македонија

Двајца албански државјани биле приведени вчера откако нелегално ја преминале македонско-грчката граница. „Вчера во 18.10 часот на подрачјето на Стар Дојран на место викано „Солунски пат“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран ги привеле Е.Д.(41) и Д.Д.(33), двајцата од Република Албанија, поради тоа што нелегално ја преминале државната …

Албански државјани нелегално влегле во Македонија Read More »

Мотоциклист прегазил пешак на „Партизанска“

Триесетгодишен маж е тешко повреден откако бил прегазен од мотоциклист на пешак. Како што информираат од МВР, вчера во 20.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од дваесет и седумгодишниот Е.П. од Скопје, удрил во пешакот Н.Ѓ. од с.Рашче, скопско. Во несреќата …

Мотоциклист прегазил пешак на „Партизанска“ Read More »

Украден сеф од продажен објект во Карпош

Ноќеска на територија на општина Карпош бил украден сеф со пари од продажен објект. Како што информираат од МВР, ноќеска во 3.20 било пријавено дека била извршена кражба. МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Ученик претепал наставничка и нападнал соученици во Влае

Вчера ОУ „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае основец нападнал неколку различни групи на соученици, како и една наставничка, која подоцна со амбулантно возило била пренесена во болница. Станува збор за 14-годишен ученик без родители кој во Скопје престојува во мал групен дом.

Уапсен стружанец откако нападнал полицаец на автопатот Тетово- Скопје

Вчера во 08:50 часот на автопатот Скопје-Тетово, поточно кај наплатна станица-Желино полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај-Тетово го лишиле од слобода В.М.(49) од струшко Подгорци, затоа што физички нападнал полициски службеник при преземање службени дејствија. Тој е задржан во Полициска станица Тетово и против него ќе следува соодветен поднесок.

Полицијата апсеше на повеќе локации во Скопје, приведени три лица поради поседување марихуана

Полицијата во текот на вчерашниот ден приведе три лица кај кои била пронајдена марихуана. На подрачјето на Бит Пазар вчеравечер бил приведен триесетгодишниот Е.Ш. од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Вчера во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР …

Полицијата апсеше на повеќе локации во Скопје, приведени три лица поради поседување марихуана Read More »

Маж заврши во болница, со трактор излетал од патот

Шеесет и тригодишен маж е тешко повреден откако со трактор излетал од пат. „На 21.04.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во с.Трстија-виничко, трактор „фергусон” со штипски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(63) од с.Нов Караорман – о.Карбинци излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во …

Маж заврши во болница, со трактор излетал од патот Read More »

Прегазен малолетник во Топанско Поле, со тешки повреди пренесен во болница

Малолетник е тешко повреден откако бил прегазен вчера во Топанско Поле. „Вчера во 15.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Митевски” во Скопје патничко возило „форд” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(41) од Скопје удрило во пешак-малолетник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската …

Прегазен малолетник во Топанско Поле, со тешки повреди пренесен во болница Read More »