Царовска: Родителите да си побараат таблет од наставниците и да мотивираат да се користи дигиталниот учебник

Мила Царовска
Мила Царовска / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Сѐ уште нема потреба од промена на моделот за настава, и учениците продолжуваат и понатаму да одат во училиште, бидејќи се безбедни, а тоа го потврди и Министерството за здравство попладнево во својот извештај, за кој утрово дискутиравме и на Главниот координативен штаб, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска.

– Сѐ уште немаме интерна трансмисија на Ковид 19 во училиштата и тоа го кажуваат надлежните здравствени власти. Бројот на позитивни на дневно ниво се движи од 0,01% до 0,03 %, зависно од денот, но сепак имаме повеќе од 240 илајди ученици со физичко присуство кои се секојдневно во училница и овие бројки се навистина ниски. Многу е значајно медиумите и граѓаните и сите ние кои известуваме или имаме можност да известуваме за податоци да се држиме за она што го кажуваат надлежните институции и да го пренесувамедоследно како што е кажано без да се шири паника помеѓу граѓаните затоа што во моментот такво нешто не е потребно. Затоа што истовремена изолација на 25 или 10 ученици не значи дека сите се позитивни на Ковид, рече Царовска во Дневникот на ТВ Сител.

Според неа, учебникот е само едно наставно средство и помагало и наставата не е нужно поврзана со него.

-Меѓутоа треба да имаме и енциклопедии и друг тип на заедничка активност помеѓу учениците, интеракција помеѓу наставникот и учебникот – сето тоа е учење, и токму затоа сакаме и во новата концепција да поттикнеме да не се користи стриктен распоред. Најважно е да ги постигнеме излезните резултати од учење а не да се држиме во дадени формати и секое дете да се трудиме да го ставаме во калап и да му предаваме учебник, информира Царовска.

Царовска потенцираше родителите да бидат тие кои што ќе бараат од наставниците или од училиштата кои немаат дигитални уреди да ги набават.

-Во министерството имаме на располагање и таблети. Родителите да си бараат таблет и да го посочуваат и мотивираат ученикот да го користи дигиталниот учебник затоа што таму има содржина која што ќе му  даде можност да истражува, да решава квизови и сето тоа во интерес на учењето, рече Царовска.

Царовска истакна дека образовниот систем уште од јуни е подготвен со три резервни сценарија кои би се применувале доколку има потреба од нив.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот