Царовска: Економската сигурност на наставниците приоритет на Владата, опозицијата го блокира растот на плати

Мила Царовска
Мила Царовска / Фото: Министерство за образование и наука

Економската и правната сигурност на наставниците е приоритет за Владата и за таа цел е подготвено законско решение со кое се гарантираат првата на наставниот кадар и стручните соработници, рече министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната посета на кумановското основно училиште „Христијан Карпош”, каде во тек е реконструкција на објектот.

Министерката рече дека се посветени на три цели во образованието, инфраструктурно подобрување на училиштата во урбаните и руралните средини, за што од буџетот за оваа година се одвоени една милијарда денари за инвестиции, програмите – за кои додаде дека нужно треба да се променат за учениците да постигнат максимлани потенцијали, нови програми за прво и четврто одделение и унапредувањето на квалитетот на наставата преку унапредување на знаењата и вештините на наставниците и нивна поддршка во процесот на настава, за што наставниците се обучуваат, да се олесни бирократијата за да можат да се посветат на наставата.

Царовска изјави дека нивната економска и правна сигурност е значајна за Владата и заради тоа, потенцираше, е направен Закон за наставници кој е доставен до Собранието.

-Вчера бевме сведоци на неуспешно дискутирање на Комисијата за образование во Собранието каде што опозицијата го блокираше повторно овој закон којшто гарантира трансформација за повеќе од 4700 наставници, коишто во моментот немаат правна сигурност на нивното работно место. Исто така, во овој закон стои и клаузула во којашто правно се заштитува понатаму девалвирањето на платата на наставникот затоа што првпат се усогласува со минимална плата. Како минималната плата ќе расте, така ќе растат и платите на наставниците. Но, опозицијата како и досега што докажуваше дека не се грижи за наставниците, продолжува на истиот начин да ги блокира сите оние законски решенија кои се во интерес на граѓаните, но и сега специфично во интерес на наставниците, изјави Царовска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот