„BuzzFeed“ планира да користи вештачка интелигенција при креирање на медиумска содржина

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Онлајн медиумот „BuzzFeed“ планира да користи вештачка интелигенција за да го персонализира и зголеми производството на онлајн квизови и медиумска содржина, јавува „Гардијан“.

Информацијата била споделена со вработените од страна на извршниот директор Џона Перети.

„Во 2023 година, содржината напишана со ChatGPT суштински ќе навлезе во нашиот бизнис, преку подобрување на квизовите, учествување во обмислување на нови идеи и персонализирање на содржината за нашите читатели“, стоело во информацијата споделена од Перети.

Според извештај од „Волстрит Журнал“, „BuzzFeed“ ќе користи технологија од компанијата за вештачка интелигенција OpenAi. Истовремено, „Базфид“ ќе користи и ChatGPT, јазичен модел на четбот кој доби огромна популарност поради успешноста на имитирањето на човечка комуникација.

„BuzzFeed“ не е првата новинска платформа која користи вештачка интелигенција. Сајтот за технологија, „СиНет“, наводно користи алатки за да генерира објави кои се проверуваат од вработените пред објавување.

Оваа практика во медиумот била воведена минатата недела и оттаму велат дека ваквиот модел е сѐ уште ограничен бидејќи половина од објавите кои се генерирани преку алатки за вештачка интелигенција мораат да бидат проверувани поради грешки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот