Бузалковски е БМУ европски шампион во брзински мотоциклизам

Христијан Бузалковски од „71 Теам“ успеа да ја обезбеди својата втора БМУ европска титула/facebook.com/HristijanBuzalkovski71/

Изминатиот викенд се организираа последните две трки во рамките од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам во повисоката класа од 600 кубни сантиметри.

Христијан Бузалковски од „71 Теам“, македонскиот натпреварувач триумфираше на двете трки и на тој начин ја обезбеди својата втора БМУ европска титула.

Иако имаше тешка сезона со падови и проблеми на крајот Бузалковски ја оствари своката цел, оствари и најбрз круг во неговата класа.

Имаше проблеми со моторот и неколку падови, на крајот без никаква грешка, на најдобар можен начин дојде до триумфот.

И на двете трки стартуваше од второто место, но веднаш уште од почетокот стекнуваше предност пред второпласираниот мотоциклист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот