Бутел убедливо славеше над Куманово на стартот од македонската Суперлига

фото: RK Butel Skopje

На стартот од новата натпреварувачка сезона во македонската машка ракометна Суперлига екипата на Бутел Скопје со 29:12 убедливо славеше над Куманово.

Најефикасни во победничките редови по шест голови беа Филип Николов и Дејан Михајловиќ, а придонес имаше и голманот Бојан Блажески со дури 21 одбрана.

На спротивната страна Дамјан Јакимовски реализираше пет погодоци.

Се одигра уште еден меч, играчите на Бисинов минимално со 31:30 славеа над Струга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот