Бутел го ангажира третиот стрелец од кадетскиот Мундијал – Слободен печат
РакометСпорт

Бутел го ангажира третиот стрелец од кадетскиот Мундијал

Ракометниот суперлигаш се засили со Нигериецот Фарук Јусуф.

Екипата на Бутел успеа да го ангажира еден од најдобрите ракометари од Светското кадетско првенство кое се одржува во Скопје, Нигериецот Фарук Јусуф. Јусуф кој потпиша четиригодипен договор со Бутел, настапува на позицијата десен бек, а досега го носеше дресот на Сокото Академи.

Јусуф моментно е трети стрелец на Мундијалот кој се одржува во Скопје и на шест меча постигна 40 погодоци. Младиот ракометат на својто нов тим ќе му се приклучи на подготовките на почетокот на септември.

– Среќен сум што потпишав за тим каков што е Бутел Скопје, кој од година во година се повеќе се развива. Се надевам дека ќе помогнам во следниот период тимот да стигне до некој трофеј и едвај чекам да ја започнам соработката со управата, со тренерот и со моите нови соиграчи – изјави Јусуф.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close