Бурно во хрватскиот ракомет: Сменет селекторот Хорват, отпуштен и Червар

Бурно беше во хрватскиот ракомет по завршувањето на Светското првенство на кое Хрватска го освои деветтото место што за оваа земја беше целосно неприфатливо.
Денеска беа потврдени промени во репрезентацијата. Семенет е селекторот Хрвоје Хорват, а разрашен е и Лино Червар од позицијата кординатор.
„По освоеното 9-то место на СП 2023 со што не беше исполнета зацртаната цел, а тоа беше четвртфинале и обезбедување олимписки квалификации направена беша анализа по која се донесени неколку одлуки.
„Избрани се тројца допретседателите на ХРС: Борис Месариќ, Крешмир Ренцо Просоли и Зоран Гобац. Одборот не го прифати извештајот на корвинаторот Лино Червар, па одлучи да го разреши комплетниот стручен штаб. Нов селектор е Горан Перковац кој доби едногласна подддршка. Завршена е и соработката со Лино Червар“, објавија од Ракометниот сојуз на Хрватска.
Како тренер Пероквац работи од 2000 година, беше селектор на Грција (2007/2008) и на швајцарија од 2008 до 2013 година. Во клупската кариера ги предводеше Винтертур, Кадетен Шафхаузен, Мнден, а последен клуб му беше Криенц од Луцерн.