Бурно е во „кралскиот“ клуб, Перез во соблекувалната му дал ултиматум на тренерот Зидан

Поразите и посебно начинот на кој Реал Мадрид загуби во последните два натпревари го нишаат тренерското столче на Зинедин Зидан.

Весникот „АС“ тврди дека шест натпревари се доволно да се види дека Реал Мадрид сезонава го допре дното и нареден натпревар е најголемото светско дерби, Ел Класико против Барселона и во ваква ситуација немаат од што да се плашат бидејќи сите очекуваат пораз на „кралевите“.

Како главен виновник за слабите игри на Реал Мадрид сезонава е посочен тренерот Зинедин Зидан, кој постојано ја менува формацијата и никако не може да го пронајде идеалниот тим со кој минатата сезона направи серија од 11 натпревари без пораз и ја освои титулата во Ла Лига.

Главен проблем за „кралевите“ е реализацијата, односно од заминувањето на Кристијано Роналдо, тимот постигнува по 1.3 гола по натпревар, додека со Португалецот во тимот тој просек изнесуваше 3.4 гола по натпревар. Згора на тоа, Реал Мадрид веќе нема одбранден бедем пред голот на Тибо Куртоа и прима по еден гол на натпревар.

Прочитајте и...  И Адебајо ќе добие максимален договор

Весникот тврди дека управата на Реал дури сега сфатила дека направи катастрофална грешка што не купи ниту еден играч во летниот преоден рок и собираше пари за трансферот на Килијан Мбапе, кој треба да се случи идното лето.

„АС“ објавува дека претседателот Флорентино Перез веднаш по поразот од Шахтјор Доњецк, се симнал во соблекувалната и одржал триминутен говор по што се шпекулира дека Зидан има два натпревари да си ја зачува работата.

Доколку загуби на гостувањата кај Барселона и Борусија Менхенгладбах, би можел сам да си замине, но исто така овие два натпревари можат да бидат и пресвртница во сезоната како што се случи минатата сезона. Зидан беше пред отказ прeд гостувањето во Истанбул, но успеа да го победи Галатасарај и на крајот да ги сврти работите во своја корист.

ВИДЕО: „Рударите“ го шокираа Реал, Шахтјор славеше без девет првотимци!

 

Прочитајте и...  ФОТО: Ибрахимовиќ го избра својот тим од соништата!

Поврзани вести

ЛШ: Челси и Севиља во осминафиналето (ВИДЕО)

Слободен печат

И Адебајо ќе добие максимален договор

Слободен печат

Елмас и соиграчите во Наполи четири месеци не земале плата

Слободен печат

Се налутил бидејќи не седел на омиленото место во автобус и клубот го исфрли од тимот за ЛШ

Слободен печат

Планот на Фонт: Меси да остане, Гвардиола да дојде во Барселона

Слободен печат

ФОТО: Кошаркарите го одработија првиот тренинг во Талин

Слободен печат

Остави Коментар