Бурно е во Јунајтед: Рангник почна да им дава домашни задачи на фудбалерите

Методите на Ралф Рангник не се најдобро прифатени од играчите на Јунајтед/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Управата на Манчестер јунајтед кон крајот на минатата година му врачи отказ на Оле Гунар Солскјер и го донесе Ралф Рангник за нов менаџер кој треба да ја врати екипата во трката за трофеите, но состојбите во соблекувалната се далеку од идеални.

Не е тајна дека Кристијано Роналдо е незадоволен од постапките на Рангник кој неколку пати го извади од игра Португалецот, но сега англиските медиуми пишуваат дека и други фудбалери му се лути на менаџерот.

Рангник на своите фудбалери почнал да им праќа снимки и видео анализи како еден вид на домашна задача, а тие треба да ги прегледаат истите и да увидат каде грешеле.

Овој потег не им се допаднал на сите, па одреден  дел играчи му се налутиле на Германецот. Нивниот гнев е поголем и поради уште една одлука на Рангник, тренинзите сега се попладне, а не наутро како што беше претходно.

– Домашните задачи претставуваат снимки од околу два часа. Тоа се снимки со игрите на фудбалерите и во нив има совети како да напредуваат. Некои го прифатија тој потег, а некои воопшто не се импресионирани – изјави неименуван извор на клубот за весникот „Мирор“.

Овој потег на Рангник е сличен на тоа што во минатото го правеше Луис Ван Гал додека седеше на клупата на Јунајтед. Холанѓанецот на своите фудбалери им испраќаше мејлови со снимки на нивните грешки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот