Бурниот викенд во Милано донесе нова забрана за граѓаните (ФОТО)

EPA-EFE/MATTEO CORNER

Во баровите во Милано од денеска во вечерните часови е забрането продажба на пијалоци кои се за носење.

Таа одлука е донесена за да се спречи собирање на луѓе и ширење на коронавирусот, соопшти градоначалникот на Милано Џузепе Сала.

23 мај 2020, Милано, Италија / Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Работното време во баровите и ноќните клубови нема да биде ограничено, но после 19 часот нема да биде дозволена продажба на пијалоци кои можат да се понесат, откако за викендот беа забележани бројни прекршоци на правилата, пред се забрана за собири.

23 мај 2020, Милано, Италија / Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

„Секако дека не сакам да имам став на шериф, но се соочуваме со огромен притисок на голем дел од општеството кое има жалби на ваков вид на однос и затоа мораме да пробаме да воведеме рамнотежа на работите“, изјави градоначалникот на Милано.

23 мај 2020, Милано, Италија / Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Градоначалникот истакна дека сака да ги заштити „оние кои работат“, но дека, како што наведе „јасно е дека последниот викенд во Милано не бил мирен“.

23 мај 2020, Милано, Италија / Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот