Бурниот љубовен живот на Шварценегер: Жена му и љубовницата биле бремени во исто време!

Седумдесетгодишниот Арнолд Шварценегер имал поприлично бурен љубовен живот.

Глумецот прво се забавувал со Барбара Аутленд, од 1969 до 1974 година, а потоа во своите мемоари за неа напишал дека била добро балансирана жена која сакала обичен живот, додека тој ја мразел таа идеја.

Шварценегер и Барбара Аутленд/принтскрин/Youtube

Подоцна и Барбара напишала свои мемоари, во кои признала дека Арнолд ја изневерувал цело време додека биле заедно, а нивната врска ја нарекла бурна и страстна.

Во 1977 година глумецот ја запознал фризерката Сју, која и самата признала дека имале отворена врска.

Шварценегер и фризерката Сју/принтскрин/Youtube

„Кога двајцата бевме во Лос Анџелес, си бевме верни еден на друг, но кога си одеше од градот беше слободен да прави што сака.

По еден месец на тениски турнир ја запознал внуката на Кенеди, Марија Шрајвер.

Шварценегер и Марија Шрајвер/принтскрин/Youtube

Цела година се гледал и со двете, сѐ додека Сју, која знаела за неговата врска со Марија, не му поставила ултиматум.

Во 1986 година Арнолд и марија се венчале и во бракот кој траеше до 2011 година добиле четири деца. Неколку дена по разводот се дозна дека Шварценегер има вонбрачен син со Милдред Патриција, која во нивната куќа работела како домашна помошничка.

Шварценегер и Милдред Патриција/принтскрин/Youtube

Интересно е што најмладиот син на Шварценегер, Кристофер од својот полубрат Џозеф е постар само неколку дена, што значи дека неговата жена и неговата љубовница биле бремени во исто време.

Милдред Патриција со синот Џозеф/принтскрин/Youtube

„Пред напуштањето на гувернерската позиција ѝ кажав сѐ на мојата сопруга за тоа што се случи пред повеќе од 10 години“, откри тогаш Шварценегер, но не нагласил дека тоа се случило откако неговата сопруга се соочила со љубовницата која потврдила дека има дете со Арнолд.

„Другата жена“ работела дури 20 години за нив сѐ до јануари 20111 година. Бремена работела и додека Марија била дома и го чекала раѓањето на нивното најмладо дете.

Шварценегер подоцна открил дека 7-8 години не знаел дека има дете, додека не сфатил дека синот многу наликува на него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот