Бурниот љубовен живот на Доналд Трамп: Љубовните афери се дел од неговиот имиџ
Моќен, богат маж како Доналд Трамп ги има сите предуслови за освојување жени, барем оние кои „паѓаат“ на такви работи. Американскиот претседател често се фали со своите сексуални афери, а тоа е дел од неговиот имиџ што го следи и што неговата сопруга Меланија морала да го прифати.
Од 1980 година против Трамп се подигнати најмалку 26 обвиненија за сексуално вознемирување, но повеќето се решени со нагодба.
Ова се некои од жените со кои бил Трамп.
Ивана Трамп
Неговата прва сопруга Ивана е жената со која има три деца. Парот се венчал во 1977 година и наводно имале прилично добар брак бидејќи Ивана знаела да биде „трпелива и послушна жена“, често зборувал Доналд. Ивана пред да се запознае со Доналд била во брак кој потрајал само две години. Бракот со Трамп се распаднал поради неговата афера со Марла Мејпс.
Марла Мејплс
Трамп и Мејплс се познавале уште од 1980-те, а се зборува дека нивната афера траела со години во текот на кои Доналд вешто ја лажел Ивана. Трамп не губел време и брзо се венчал со Марла, а во бракот ја добиле ќерката Тифани.
Габриела Сабатини
Славната тенисерка наводно имала секс афера со Трамп уште додека тој бил во брак со Ивана и во прељубнички однос со Марла.
Карла Бруни
Сегашната сопруга на Никола Саркози е уште еден доказ дека Трамп преферира странски убавици. Аферата со Италијанката се случила кога таа била млада манекенка и наводно имала своевиден „татковски комплекс“, па често ја поврзувале со постари мажи. Поради Трамп наводно го оставила Мик Џегер. Аферата меѓу неа и Доналд „пукнала“ откако Kарла прилично агресивно барала Трамп да ја остави Mарла поради неа.
Ана Никол
Следната во низата освојувања на Трамп била младата манекенка Вики Смит, која го сменила името во Ана Никол и станала модел на Плејбој, но го оставила Трамп за да се омажи со богат бизнисмен.
Санди Корн
Оваа манекенка, како што самата кажува, излегла на десетина состаноци со Доналд Трамп, а изјавила дека сексот со него било нешто најдобро што доживеала. Ја завршила кариерата како порно глумица.
Сторми Даниелс
Бројни се гласините дека на Трамп му се допаднала уште една ѕвезда од филмовите за возрасни, а нивната врска траела само еден месец.
Роуeн Бруер
Врската на Трамп со мисицата Бруер траела со месеци, а таа и подоцна пред медиумите зборувала само најубави работи за него.
Алисон Џианини
Следна на пописот е Алисон, агентка за недвижнини, модел и глумица од Романија со која се запознал на состанок на слепо, а како што кажува таа, нивната врска пропаднала бидејќи Доналд уште бил вљубен во неговата бивша жена Марла.
Џеки Сигел
Таа е една од ретките жени со кои бил, а која е близу до неговите години. Таа изјавила дека Трамп е одличен во креветот, но на Доналд долго не му била интересна.