Бурна ноќ во Куманово: Маж запалил полициско возило, пукал во службеници, па побегнал

фото: aрхива

Опожареното возило „Шевролет Спарк” е изгаснато по интервенција на Територијалната противпожарна единица Куманово.

Полициско возило паркирано во близина на Отсекот за управни работи на СВР Куманово е опожарено минатата ноќ во 02:10 часот, информираше денеска кумановската полиција.

Полициски службеници од СВР Куманово на булеварот „Трета македонска ударна бригада” забележале едно лице кое го предизвикало пожарот на моторно возило „Шевролет Спарк”, во сопственост на МВР, кое било паркирано пред поранешниот Дом на АРМ.

– Лицето се дало во бегство, а по кусо време од страна на полициски службеници било забележано на улицата „Боро Прцан”, но не ја почитувало дадената наредба за застанување, туку вперило огнено оружје и испукало неколку проектили кон нив, по што побегнало. Нема повредени, соопшти СВР Куманово.

Опожареното возило „Шевролет Спарк” е изгаснато по интервенција на Територијалната противпожарна единица Куманово. Во координација со јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот и увидна екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот