Бурна ноќ во Белата куќа: Трамп му забрани влез на шефот на кабинетот на Пенс, две помошнички на Меланија дадоа оставка

EPA-EFE
Меланија и Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Претседателот на САД, Доналд Трамп му забранил на шефот на кабинетот на потпретседателот Мајк Пенс, Марк Шорт да влезе во Белата куќа, откако Пенс одбил да го исполни барањето на Трамп да ги врати резултатите од претседателските избори, пренесе Ен-Би-Си њуз.

Пенс, кој како потпретседател заседава со Сенатот, се заколна дека ќе го испочитува уставот на САД и во таа прилика додаде „нека ми помогне Бога“.

Шорт, кој порано беше и шеф во администрацијата на Трамп за законодавни прашања, го советуваше Пенс за процедурата за надгледување на броењето на гласовите на Електорскиот колеџ со кој треба да се потврди изборот на Џо Бајден за претседател.

Две помошнички на Меланија Трамп поднесоа оставки

Две главни помошнички на првата дама на САД, Меланија Трамп поднесоа оставка во средата при големото насилство во Капитол хил предизвикано од поддржувачите на претседателот на САД, а уште неколку високорангирани функционери во Белата куќа разгледуваат можноста за поднесување оставка, вклучувајќи го и советникот за национална безбедност Роберт Обрајан и неговиот заменик Метју Потингер.

Стефани Гришам поднесе оставка од местото шефица на кабинетот на првата дама.

„Беше чест да се служи на државата од Белата куќа. Многу сум горда што бев дел од мисијата на госпоѓата Меланија Трамп, во која помогнавме на децата ширум светот, постигнавме многу работи за време на оваа администрација“, напиша Гришам во изјавата, а пренесе Ројтерс.

Гришам не сакала да каже дали нејзината оставка е поврзана со насилството во главниот град, но извор близок до неа изјавил дека насилството била капката која ја преполнила чашата, додава Ројтерс.

Секретарката на Белата куќа за социјални прашања, Рики Нисета исто така поднела оставка, како и заменичката во прес службата на Белата куќа, Сара Метјус.

Обрајан исто така размислувал за оставка, како и Потингер, кои биле клучни луѓе во политиката на администрацијата на Трамп спрема Кина.

„Само што разговарав со потпретседателот Пенс. Многу сум горд што соработувам со него“, рекол Обрајан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот