Бурна љубовна приказна: Била БИЧУВАНА, присилувана на АБОРТУС, а сега изгледа како вистинската ХУРЕМ СУЛТАН (ФОТО)

Профимедиа

На престижниот фестивал во Венеција стигна и големата турска ѕвезда Мерием Узерли, попозната како Хурем султан.

Црвенокосата убавица во Италија блесна во неколку раскошни креации и нè потсети на бурната љубовна приказна од која излезе посилна, иако искрено призна дека и се стресло тлото под нозете.

Мерием за време на најголемата своја слава се вљубила во 17 години постариот бизнисмен Кан Атес со кој забременила. Но наместо да се радува, Кан ја натерал да абортира бидејќи во спротивно тоа би му било трето дете со неколку различни жени.

Мерием признала дека во тоа време била во тешка психичка состојба поради славата со која не знаела да се справи, а ова ја дотепало. Сепак, одлулила да ја роди ќеркичката Лара која денес е центар на нејзиниот живот. Од мажот никогаш не барала помош.

По љубовниот бродолом со бизнисменот, Мерием доживеала уште два – прекинување на свршувачката со исто така 17 години постариот претприемач и уште една врска која траела само два месеца.

Исто така, кога имала само 19 година била бичувана во Дубаи кога прошетала во разголено изадание.

Со обожавателите споделила дека во најтешките моменти имала самоубиствени мисли.

Тоа било пред да и се роди ќеркичката. Денес животот и е сменет, а тоа го докажа со појавувањето во Венеција во издание достојно за кралица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот