Пејчиновиќ Буриќ: Пандемијата на ковид-19 доведе до зголемување на семејното насилство

Фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, во пресрет на Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, рече дека избувнувањето на пандемијата на коронавирусот доведе до зголемување на семејното насилство.

Додека повеќето луѓе остануваат во своите домови и пред компјутери поради новите ограничувачки мерки ширум светот, слушаме многу за сексуално вознемирување, разни форми на следење на луѓе, испраќање пораки со експлицитна содржина, лаги и разни форми на насилство преку интернет, напиша Пејчиновиќ Буриќ.

Според неа, еден од најважните принципи врз кој се темели Советот на Европа е спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство.

– Имаме отворени линии по 24 часа на ден, имаме луѓе кои се таму за да ги советуваат жените и луѓето кои страдаат од семејно насилство. Подготвени сме брзо да реагираме и да дадеме полициска заштита, додаде таа.

Пејчиновиќ Буриќ заклучува дека рестриктивните мерки се голем предизвик, но дека тие не смеат на кој било начин да придонесат за насилство врз жени и деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот