Бурата Умберто прерасна во ураган

Тропската бура Умберто се засили во Атлантскиот океан и прерасна во ураган од прва категорија , соопшти доцна синоќа американскиот Национален центар за урагани, јави ДПА

Ураганот е лоциран на околу 1.260 километри западно од Бермуда, со максимална сила на ветрот од 120 километри на час.

Ураганот се движи во правец североисток со брзина од шест километри на час.

Умберто се очекува да остане настрана, бидејќи утре и задутре се префрла на северо-исток, поштедувајќи ги жителите на Бахамите – каде негови делови веќе беа уништени од неодамнешниот ураган Доријан.

Но, Умберто веројатно ќе се засили уште повеќе, откако синоќа прерасна во ураган, соопшти Центарот за урагани.

Бермуда, се чини, овој пат лежи на неговиот пат, но засега не е јасно какво влијание тој може да има врз оваа британска територија во северниот Атлантик.

Прочитајте и...  Мексико со енормно висока стапка на убиства, 29 на 100.000 жители

Умберто вчераутро имаше ветрови со брзина од 100 километри на час, соопшти Центарот за урагани. Тоа предизвика наноси по должината на југо-источниот брег на САД, а луѓето кои живеат во регионот беа предупредувани да се подготват за пороен дожд и потенцијално поплавување.

Претходно овој месец, ураганот Доријан разурна повеќе населби на Бахамите, при што најтешко погодени беа островите Гранд Бахама и Абако. Околу 1.300 луѓе исчезнаа, а официјалниот број на загинати од 50 се очекува значително да се зголеми.

Прочитај повеќе

Бројот на заразени со коронавирус во Франција надмина 500.000

Слободен печат

Дождот ја преполни канализацијата во Мексико: Сите се изненадија што пронајдоа во неа (ВИДЕО)

Слободен печат

Стопанските комори се задоволни од четвртиот пакет мерки за поддршка на компаниите и граѓаните

Воен авион се урна во Украина, најмалку 20 лица загинаа (ВИДЕО)

Слободен печат

Српскиот режисер и сценарист Горан Паскаљевиќ почина на 74-годишна возраст

Слободен печат

Кривокапиќ: Политичката судбина на Ѓукановиќ и Марковиќ ќе биде онаква како што заслужуваат

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Силно невреме во Црна Гора: Обилните врнежи предизвикаа поплави во Котор и Тиват (ВИДЕО)

Слободен печат

Пендрекот лесно се крева врз Роми

Валентина Т

Сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје вечерва блокиран заради поскапувањето на струјата

Слободен печат

Навални им се заблагодари на руските доктори и пилоти: Ви благодарам, вие сте добри луѓе (ФОТО)

Слободен печат

Лајчак: Дијалогот меѓу Белград и Приштина е одложен поради пандемијата

Слободен печат

Пожарот во Хуавеј го доби својот епилог: Пронајдени телата на три лица, пожарот „волшебно“ избил во истражувачкиот дел

Слободен печат