Бура во Србија пред Мундобаскетот, Калиниќ отпишан поради политички притисок

фото:euroleague.net

На еден ден пред стартот на Светското кошаркарско првенство во Кина, вистинска бура предизвика српскиот актер Сергеј Трифуновиќ кој истовремено е и претседател на Движењето на слободни граѓани, пренесува „Блиц“.

Тој на својот профил на Твитер го обвини претседателот на Србија, Александар Вучиќ дека вршел притисок врз челниците на Кошаркарската федерација, и барал играчот на Фенербахче, Никола Калиниќ да не се најде на списокот за Мундобаскетот во Кина.

– Разговарав со неколку луѓе кои имаат тесни врски со кошаркарската репрезентација на Србија. Морав на неколку места да ја проверам информацијата, бидејќи не можев да поверувам. Но, Никола Калиниќ не е во репрезентацијата бидејќи така сакаше @avucic. Знам што да мислам за него, но што да мислам за нив“, напиша Трифуновиќ на својот профил на Твитер.

Одговорот на обвинувањето од актерот дојде експресно, и тоа не од политичарите туку од претседателот на КСС, легендарниот кошаркар, Предраг Даниловиќ.

– Ние сме многу сериозна организација за да се занимаваме со разни глупости како што е оваа. Но, бидејќи станува збор за многу лоша работа и пред се голема лага, морам како претседател на КСС да реагирам на истата – изјави Даниловиќ за српските медиуми.

Интервјуто за весникот „Блиц“ на Никола Калиниќ во кое тој отворено зборува за политиката предизвика голема реакција во јавноста, а веднаш потоа на интернет се појавија сексуалнио експлицитни снимки на Калиниќ, по што овие случувања ги поврзаа со неповикувањето на Калиниќ во репрезентацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот