Бура во Орландо, играч на меџик одби да клекне: Јас клечам само пред Бог (ВИДЕО)

принтскрин

НБА лигата по пауза од четири ипол месеци се врати на големата сцена и тоа со едно ново непишано правило, сите клечат при интонирање на химната како знат за поддршка за социјална правда.

Ваквиот потег го осуди и претседателот Доналд Трамп, но играчите воопшто не се грижат за неговите коментари и бараат да прекине полициската бруталност над афроамериканците и поради тоа пред секој натпревар тие клечат за време на интонирање на химната.

НБА играчите во вербална војна со претседателот на САД: Гајле ми е дали Трамп гледа НБА

Но, на вториот ден по рестартот на сезоната во Дозни Ворлд на Флорида, кошаркарот на Орландо меџик, Џонатан Ајзак ги шокираше соиграчите и останатите во салата со тоа што стоеше за време на интонирање на химната. Освен тоа, Ајзак беше единствен кој наместо со маицата со натпис „Black Lives Matter“ како знак за поддршка за социјална правда, тој го носеше својот дрес.
Ајзак по натпреварот објасни зашто постапи спротивно од сите.

– Јас ги поддржувам црните животи преку верата, ги подржувам сите животи преку верата. Сите сме правеле погрешни работи, а понекогаш само го вперуваме прстот во оние кои се најлоши. Имам чувство дека библијата ни говори дека сите сме недостојни за славата божја. Љубовта ќе влезе во срцето на сите мажи и жени во светот преку Бог – изјави Ајзак.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот