Бура во најава, играчи на Сантос играле заразени со корона и знаеле за тоа?!

фото: твитер

Главна спортска вест во Аргентина и цела Јужна Америка е натпреварот помеѓу Бока Јуниорс и Сантос во рамките на Копа Либертадорес.

Причина за тоа се шпекулациите дека голманот и уште еден играч на Сантос биле позитивни на коронавирус но и покрај тоа настапиле на натпреварот кој заврши без голови.

Голманот Џон Виктор Масиел Фуртадо ги помина сите 90 минути на теренот, а вториот е Вагнер Леонардо кој седеше на клупата на резервни играчи. Двајцата фудбалери на бразилскиот тим веднаш по натпреварот се ставени во карантин и тоа во хотелот во кој беше сместен Сантос по доаѓањето во Буенос Аирес.

Остатокот од тимот се врати во Бразил, додека двајцата играчи ќе останат во Аргентина се додека не добијат негативен резултат од тестирањето, но и додека не се испита дали тие биле свесни дека настапиле на дуелот со Бока Јуниорс иако имале коронавирус.


Доколку се потврди дека знаеле за позитивните резултати, тогаш Сантос сигурно ќе добие ригорозна казна иако бразилскиот тим пред тргнувањето за Аргентина во седиштето на Конфедерацијата на Јужна Америка (Конмебол) ги испратил резултатите од тестовите и сите биле негативни.

Сомнежи дека нешто не е во ред со играчите на Сантос предизвика одлуката на бразилскиот тим да не оди во соблекувалната на полувреме туку остана на теренот. Според медиумите во Јужна Америка тоа укажува дека во клубот знаеле оти имаат двајца играчи кои се позитивни на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот