Бура од емоции кај Заниоло: Фотографија која навистина ме импресионираше!

фото: инстаграм

Фудбалерот на Рома е горд на детето кое игра фудбал на празните улици во Милано во овие тешки времиња и борбата во Италија со коронавирусот.

Едно дете во дрес на Рома во центарот на Милано играше со топката на празните улици во Милано и оваа слика стана симбол на маките кои ги поминуваат Италијанците моментно со коронавирусот.

Воедно оваа фотографија на весникот „Кориере дела сера“ предизвика бура од емоции кај младиот играч на Рома, Николо Заниоло.

Токму во дрес на Заниоло играше детето на улиците, по што веднаш се огласи фудбалерот на својот Инстаграм профил:

– Оваа фотографија навистина ме импресионираше! Не знам кој си, но каква гордост да те гледам во мојот дрес. Знам дека е тешко и чудно да се игра фудбал, сам во празен град. Но, да издржиме уште малку и кога ќе дојде крајот на ова, знам дека ќе ми испратиш уште една слика во која играш и со другите луѓе. Те чекам во Тригорија (тренинг центар на Рома). Ти благодарам „Кориере дела Сера“ на прекрасната фотографија – рече Заниоло.

Слика која веднаш стана хит на социјалните мрежи, многубројни споделувања, чувствата кон фудбалот остануваат големи…

Во италијанската Серија А римската „волчица“ до прекинот на сезоната беше на петтото место. Заниоло, 20-годишниот играч од средниот ред сезонава досега за Рома во првенството имаше четири голови во 18 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот