„Бунтовникот“ Панатинаикос славеше во Русија, Фенербахче лесно излезе на крај со Црвена звезда

Екипата на Панатинаикос која во текот на летото сакаше да ја напушти Евролигата поради недоразбирањата со челникот Жорди Бартомеу, на стартот од новата сезона славеше на гостувањето во Русија кај Химки. „Зелените“ победија со 78:76.

Победникот беше решен во неизвесниот финиш кога кошаркарите на Панатинаикос ја анулираа предноста на Химки и успеаја да дојдат до победа на стартот од Евролигата.
Даирис Бертран можеше да му донесе победа на рускиот тим во последните секунди, но не беше прецизен на шутот за три поени.
Јанис Папапетру го предводеше Панатинаикос со 16 поени и осум скокови, Контантинос Митроглу даде 12 поени, додека 11 постигна Бен Бентли.
Во редовите на Химки најдобар беше Девин Букер со 15 поени.

Турскиот Фенербахче остави убедлив триумф од 77:63 против Црвена звезда во Истанбул. По слабиот старт на натпреварот, кошаркарите на Фенербахче веќе од втората четвртина ја презедоа контролата врз резултатот и постојано имаа двоцифрена предност за лесен триумф од 77:63 на крајот. Лоренцо Браун со 17 постигнати поени беше најпрецизен во тускиот тим , додека кај Црвена звезда се остакна Џордан Лојд со 15 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот