Бунт против Погба, соблекувалната на Реал не го сака во тимот

фото: твитер

Желбата на Зинедин Зидан да го донесе својот сонародник најверојатно нема да му се исполни.

Пол Погба по секоја цена сака да го напушти Манчестер јунајтед и да се пресели во Реал Мадрид што е и најголема желба на тренерот Зинедин Зидан.
Зидан дури е подготвен да се откаже од талентираниот Мартин Одегард и од Хамес Родригез само за да го донесе својот сонародник на „Сантијаго Бернабеу“.

Но, претседателот Флорентино Перез е против оваа идеја, тој не сака да соработува со контроверзниот агент Мино Рајола чиј клиент е Погба, а исто така нема намера да му даде плата од 17 милиони евра колку што заработува во Манчестер јунајтед.

Сега Перез доби ветер во грбот според пишувањата на „Марка“, која тврди дека и соблекувалната на Реал Мадрид е против доаѓањето на францускиот репрезентативец.

Лидер на бунтот против Погба е капитенот Серхио Рамос кој смета дека Французинот ќе ја наруши атмосферата во клубот поради неговото однесување и карактер.

фото: твитер

Фудбалерите на Реал Мадрид во време на кризата која го зафати клубот поради пандемијата на коронавирусот сметаат дека не треба да се купуваат ѕвезди во летниот преоден рок туку да се вратат позајмените фудбалери како Одегард и Ашраф Хакими со кои „кралевите“ повторно би биле едни од главните фаворити за титулите во Ла Лига и Лигата на шампионите.

Единствен фудбалер за кој немаат ништо против да пристигне ова лето и тоа за големи пари е Килијан Мбапе, но се чини дека ниту еден клуб не може да плати 200 милиони евра за неговите услуги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот