Бунт на атлетичарките поради интимните снимки во живо: Германките кренале глас, ИААФ ги гаси револуционерните камери

Фото: Принтскрин

Досега несекојдневните кадри на атлетичарите и атлетичарките на стартот од трката на Светското првенство во Доха повеќе нема да бидат покажувани, барем не кога се во прашање дамите.

Имено, по бунтот на поедини атлетичарки дека камерите снимаат премногу интимни делови од телото, организаторите одлучиле дека нема да ги вклучуваат додека се подготвуваат за стартот.

Ревулиционерниот агол на снимање на стартот на трката наиде на неодобрување кај повеќето атлетичарки, а најгласни биле Германките Татјана Пинто и Џина Ликенкампер, кои не делат ист ентузијазам со организаторот во врска со оваа технолошка новина.

– Мислам дека е многу непријатно да се стои над овие камери на стартот од трката во многу малку облека на нас –  рекла Ликенкампер.

По критиката на Германките, реагираше и нивниот атлетски сојуз со официјално барање да се престане да се снимаат атлетичарките на почетокот на трката.

ИААФ ги уважил барањето, но нема во целост да ги исклучат камерите, туку дека ќе се сними приоѓањето на атлетичарките на стартниот блок.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот