Бунт на атлетичарките поради интимните снимки во живо: Германките кренале глас, ИААФ ги гаси револуционерните камери – Слободен печат
ЖенаМагазин

Бунт на атлетичарките поради интимните снимки во живо: Германките кренале глас, ИААФ ги гаси револуционерните камери

- Мислам дека е многу непријатно да се стои над овие камери на стартот од трката во многу малку облека на нас -  рекла Ликенкампер.

Досега несекојдневните кадри на атлетичарите и атлетичарките на стартот од трката на Светското првенство во Доха повеќе нема да бидат покажувани, барем не кога се во прашање дамите.

Имено, по бунтот на поедини атлетичарки дека камерите снимаат премногу интимни делови од телото, организаторите одлучиле дека нема да ги вклучуваат додека се подготвуваат за стартот.

Ревулиционерниот агол на снимање на стартот на трката наиде на неодобрување кај повеќето атлетичарки, а најгласни биле Германките Татјана Пинто и Џина Ликенкампер, кои не делат ист ентузијазам со организаторот во врска со оваа технолошка новина.

– Мислам дека е многу непријатно да се стои над овие камери на стартот од трката во многу малку облека на нас –  рекла Ликенкампер.

По критиката на Германките, реагираше и нивниот атлетски сојуз со официјално барање да се престане да се снимаат атлетичарките на почетокот на трката.

ИААФ ги уважил барањето, но нема во целост да ги исклучат камерите, туку дека ќе се сними приоѓањето на атлетичарките на стартниот блок.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close