Бундестагот утре ќе одлучува за старт на преговорите на Македонија

Бундестаг
Бундестаг / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Утре германскиот Бундестаг ќе одлучува за старт за преговорите на нашата земја на Самитот на ЕУ закажан за во октомври.

Секторот за европски прашања информира дека заменик претседателот на Владата Бујар Османи ќе престојува во работна посета на Берлин, каде ќе присуствува на седницата на Бундестагот и во живо ќе ја следи расправата и гласањето за одлуката за старт на преговорите на  Македонија на Самитот на ЕУ во октомври.

Домаќин на Османи ќе биде претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле.

Доцна вечерва заврши сесијата на Комисијата за надворешни работи на Бундестагот чии членови му препорачаа на германскиот парламент да донесе позитивна одлука за отпочнување преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и со Албанија.

„CDU/CSU штотуку ја донесе партиската одлука со апсолутно мнозинство за подршка на почетокот на преговорите со РСМ. Одлична најава за четврточното гласање во Бундестаг! Благодарам ЦДУ/ЦСУ
Благодарам Канцеларке Меркел“, се огласи вчера на Фејсбук вицепремиерот Османи.

Тој сподели со јавноста и дека решил да ја скрати посетата на Њујорк на Генералното Собрание на Обединетите Нации за да патува за Берлин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот