Бундестагот ни даде зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ (ВИДЕО)

Бундестаг/ Фото: ЕПА

Бундестагот пред малку даде зелено светло за почеток на преговорите на Северна Македонија за влез во ЕУ.

Со 476 гласа за и 122 против, како и 16 воздржани пратеници, Бундестагот го одобри поќетокот на преговорите на Македонија со ЕУ . Пратениците во исто време гласаа и за почеток на преговорите на Албанија.

На седницата во Бундестагот присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања , Бујар Османи , кој беше поздравен од пратениците.

Десетината говорници се согласија дека Северна Македонија и Албанија направиле напредок и дека на регионот Западен Балкан треба да му се овозможи приближување кон ЕУ.

Според пратеникот од владејачката ЦДУ /ЦСУ , Петер Бејер , малдите луѓе од Северна Македонија и Албанија треба да живеат во средина каде ќе бидат применувани европските стандарди и ќе имаат позитивна перцепција за ЕУ .

Пратеникот Кристијан Петри од коалициската СПД рече дека овие земји бараат помош , дека се подготвениз а реформи и дека треба да им се овозможи да го почнат процесот, што беше поздравено со бурен аплауз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот