Бундестагот го одби предлогот сите граѓани да бидат донори на органи

Бундестаг/ Фото: ЕПА

Германските лекари во моментов можат да трансплантираат органи само од лица кои официјално дале согласност за тоа преку донорска картичка или тестамент.

Германските парламентарци денеска го одбија предлог законот со кој се предвидува мнозинството граѓани да бидат потенцијални донори на органи, освен ако се против тоа, и наместо тоа изгласаа помалку радикален план за борба против недостигот на органи за пресадување.

Германските лекари во моментов можат да трансплантираат органи само од лица кои официјално дале согласност за тоа преку донорска картичка или тестамент.

Според новиот систем, предложен од министерот за здравство Јенс Шпан, луѓето автоматски би се сметале за донори, освен ако не се запишат во регистар дека се против на тоа. Според тој предлог, и роднините можат да информираат дека покојникот не сакал да донира органи.

Шпан посочи дека 22 од 28 држави во Европската унија имаат слични системи, каде „донирањето органи не е исклучок, туку правило”.

Одделни пратенички групи оценија дека предлогот иницира правни и етички прашања во врска со правото на луѓето сами да ја одредат својата судбина и предложија луѓето за своите намери да се изјаснуваат при подигнување лична карта, која во Германија е задолжителна и се обновува на 10 години. Тие групи тврдат дека сакаат со закон да биде овозможено донирањето органи да остане свесна и доброволна одлука, која не може да биде наметната од државата. парламентот допрва треба да се изјасни за тој прелдог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот