Бундестагот АНАЛИЗИРА па носи одуки – Оптимизам по германското „да“ за датумот за преговори со ЕУ

македонија еу
Фото Профимедиа

Оптимизам за Македонија пристигна од германскиот Бундестаг. Со давањето на поддршка за Македонија во октомври да добие пристапни преговори за членство во Европската Унија, поранешниот амбасадор во Берлин, Ѓорги Филипов, смета дека одлуката може позитивно да влијае и на преостанатите земји. Филипов за „Слободен печат“ позитивно го оценува германското ДА за Македонија во ЕУ.

– Одлуката е супер. Претпоставувам дека ќе биде датумот определен. Претпоставувам дека сè е договорено и со останатите земји, иако се уште има некакви резерви како Холандија, Данска… Сметам дека ќе биде доделен датумот во октомври – изјави за „Слободен печат“ поранешниот амбасадор во Берлин, Ѓорги Филипов.

Одлуката на Бундестагот, според него, може позитивно да влијае на другите земји.

– Може само да придонесат, дека Бундестагот има детално проценето, анализирано… Не се работи само за емоција, туку се анализи што е направено, што треба да се направи и тие кажуваат. Така што сметам дека само ќе влијае позитивно на одлуката на другите земји. Мислам можеби нешто ќе напоменат, меѓутоа на крај сите едногласно ќе дадат препорака – вели Филипов.

Бундестагот вчера на Македонија ѝ даде зелено светло за пристапни преговори за ЕУ со 476 гласа „за“, 122 „против“ и 16 воздржани пратеници. Пратениците во исто време гласаа и за почеток на преговорите на Албанија .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот