Бундеслигата е последна шанса за Роналдо, но тоа не е Баерн

Заврши љубовта меѓу Кристијано Роналдо и „црвените ѓаволи“/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо се наоѓа пред изненадувачки трансфер во Бундеслигата, но не во Баерн Минхен, туку во најголемиот конкурент на баварците, екипата на Борсија Дортмунд.

Новинарот на „Си-Би-Ес спортс“, Бен Џејкобс тврди дека агентот на Роналдо, Жорге Мендеш започнал преговори со челниците на Борусија Дортмунд. Иако засега трансферот не е ни приближно до реализација, Мендеш се надева дека до крајот на преодниот рок ќе успее да најде заеднички јазик со „милионерите“.

– Иако сите веруваа дека Роналдо би можел да се врати во Спортинг Лисабон, таа опција не е интересна ниту за фудбалерот ниту за тренерот Рубен Аморим. Но, Роналдо нема ништо против трансфер во Борусија Дортмунд. Со Борусија би играл во Лигата на шампионите, а исто така голем предизвик би му претставувал обидот да се бори за титулата во Бундеслигата откако претходно беше шампион во Премиер лигата, Серија А и Ла Лига – тврди Џејкобс.

Џејкоб исто така тврди дека на Борусија и е потребен елитен напаѓач откако Себастијан Алер мора подолго време да отсуствува од терените поради тумор на тестисите, а Борусија е доста конкурентен тим и во Бундеслигата и во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот