Бундеслигашкото дерби без победник (ВИДЕО)

фото:Twitter

Дербито на четвртото коло во Бундес лигата го одиграа Лајпциг и Баерн Минхен кои на крајот ги поделија бодовите играјќи 1:1. Баерн поведе уште во третата минута со голот на Робет Левандовски.

Домаќинот израмни во финишот на првото полувреме преку Емил Форсберг, со што Лајпциг дојде до бод и остана на првото место на табелата со 10 бодови, еден повеќе од Борусија Дортмунд и два од Баерн.

Во вториот дерби дуел, Борусија пред своите навивачи го декласира Баер Леверкузен со 4:0. Пако Алкасер, Гереиро и во два наврати Марко Ројс ја тресеа мрежата на на „фармацевтите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот