Бундеслигашите ќе загубат повеќе од 90 милиони евра поради празните трибини

twitter.com/BVB

Бундеслигата по пауза од два месеци поради пандемијата на коронавирусот наредниот викенд продолжува со фудбалските активности.

Но, карантинските мерки за одржување натпревари без публика во преостанатите девет кола до крајот на сезоната скјапо ќе ги чинат екипите, пишува „Кикер”.

Клубовите од првите две најсилни лиги во Германија нема да успеат да реализираат приходи од вкупно околу 91,7 милиони евра од продажба на билети, бидејќи празните трибини на преостанатите 82 натпревари во елитата ќе ги чинат екипите околу 69,7 милиони евра, а преостанатите 22 милиони се за 81 натпревар од втора лига.

Во овие пресметки не се вклучени износи што мора да се вратат на навивачите кои купиле сезонски билети, и заради ситуацијата не можат во живо да ги следат своите миленици.

Најоштетени во овој поглед се навивачите на Вердер Бремен, кои треба да одиграат уште шест натпревари на домашен терен до крајот на сезоната. Многу навивачи најавија дека ќе го исполнат барањето на нивните омилени тимови и нема да бараат обесштетување.

Просечната посетеност на елитните натпревари минатата сезона беше 42.738 гледачи, а во втората Бундес лига – 18.980 гледачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот