Бундеслига: Чурлинов и Штутгарт во првото коло против Фрајбург

фото: фејсбук

По подолга пауза Македонија ќе има свој претставник во најсилното германско првенство, во овој случај тоа е нашиот млад репрезентативец Дарко Чурлинов.

Чурлинов со екипата на Штутгарт успеа преку втората Бундеслига да обезбеди настап во елитата, а денеска е објавен распоредот на натпревари за натпреварувачката сезона 2020/21.

Во првото коло (18/21 септември 2020) Штутгарт ќе биде домаќин на Фрајбург, додека бранителот на титулата Баерн Минхен ќе го пречека Шалке во дербито на рундата.

Во третото коло (2-4 октомври) Штутгарт ќе игра со Баер Леверкузен, а првиот меѓусебен дуел против првакот Баерн ќе го има во периодот од 27-30 ноември, а по тој меч ќе гостува кај Борусија Дортмунд (11-13 декември 2020 година).

Бундеслига, сезона 2020/21
1. коло, двојки (18/21 септември) –

Баерн Минхен-Шалке
Борусија Дортмунд-Борусија Менхенгладбах
Лајпциг-Мајнц
Волфсбург-Баер Леверкузен
Ајнтрахт Франкфурт-Арминија Билефилд
Унион Берлин-Аугсбург
Келн-Хофенхајм
Вердер Бремен-Херта Верлин
Штутгарт-Фрајбург

Целосниот календар на натпревари во Бундеслигата можете да го погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот