Бундеслига: Баерн во првото коло со Менхенгладбах, Чурлинов и Штутгарт домаќини на Гројтер Фурт!

epa09222140 Leroy Sane of FC Bayern Muenchen (C) lifts the Bundesliga Meisterschale Trophy in celebration with his players following the Bundesliga match between FC Bayern Muenchen and FC Augsburg at Allianz Arena in Munich, Germany, 22 May 2021 (issued 23 May 2021). EPA-EFE/ALEXANDER HASSENSTEIN / POOL DFL regulations prohibit any use of photographs as image sequences and/or quasi-video.

На 13 август 2021 година ќе стартува 59 сезона во најсилната германска лига кога бранителот на титулата Баерн Минхен од 20.30 часот ќе гостува кај Борусија Менхенгладбах.

Штутгарт во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов својот меч ќе го има на домашен терен на 14 или 15 август против Гројтер Фурт кој лани беше второпласиран во Бундеслига 2.

Целиот распоред на натпревари за сезоната 2021/22 во Бундеслигата можете да го погледнете ТУКА

Германскиот Суперкуп помеѓу шампионот во Бундеслигата, Баерн, и победникот во националниот Куп, Борусија Дортмунд, ќе се одржи ма 17 август на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Бундеслига
Сезона 2021/22

1. коло, двојки –

13 август, 20.30 часот
Борусија Менхенгладбах – Баерн Минхен

14/15 август
Борусија Дортмунд – Ајнтрахт Франкфурт
Волфсбург – Бохум
Унион Берлин – Баер Леверкузен
Штутгарт – Гројтер Фурт
Мајнц – Лајпциг
Аугсбург – Хофенхајм
Арминија Билефилд – Фрајбург
Келн – Херта Берлин

Видео на денот