Бундесбанк: Централните банки да внимаваат со дигиталните валути

Гувернерот на централната банка на Германија, истакна дека дигиталните валути издадени од централни банки во светот, можат да го дестабилизираат финансискиот систем и да ја влошат состојбата на банкарскиот бизнис.

Во говорот за време на отворањето на симпозиумот на Бундесбанк во Франкфурт претседателот на централната банка, Јенс Видман посочи дека широката употреба на дигиталните пари издадени од централните банки, може да предизвикаат „сериозни последици“ и не треба да биде воведени пред да биде внимателно смислени, пренесува „CoinDesk“.

Од една страна, Видман предвидува дека лесниот пристап до дигиталните пари може да влијае на банкарските текови за време на кризи.

– Во услови на криза, финансиската стабилност може да биде ранлива отколку што е денес, затоа што дигиталните пари издадени од централната банка, би се сметале за многу ликвидна и безбедна инвестициска алтернатива – вели тој, додавајќи дека тоа би ги провоцирало банките да се придвижи брзо кон овие дигитални пари во случај на криза.

Така побарувачката на дигитални пари издадени од централните банки (CBDC), може да биде повисока или понестабилна наспроти побарувачката на пари во кеш, што ќе остави свој отпечаток на сметките на банките.

– Дури и во мирни времиња, дигиталните пари издадени од централните банки, носат фундаментална промена во моделот на функционирање на банките како посредник на финансиските пазари – вели Видман.

– Ние имаме обврска да им обезбедиме на граѓаните современ, брз и интернет-пријателски начин на плаќање. Идејата е да се развијат решенија кои се современи и се на база na последните технологија, без да се создаваат непотребни ризици за финансиската стабилност – вели тој, правејќи аналогија со митот за „Пандорината кутија“ што ни сугерира дека треба да бидете внимателни со вашиот пристап.

Видман зборува и за заедничкиот проект меѓу централната банка и берзанската оператор „Deutsche Börse“ за интегрирање на блокчејн технологијата за порамнување при трансакции на пари и хартии од вредност.

Според неговите зборови, блокчејн одлуката не мора да резултира со подобри резултати, процесот трае уште подолго и оди рака под рака со повисоки пресметковни трошоци.

– Има слични искуства во финансискиот сектор. И покрај многуте тестови на блокчејн прототипи, вистинскиот пробив сега недостасува – вели тој.

Зборовите на Јенс Видман доаѓаат во време кога голем број централни банки ширум светот ја истражуваат блокчејн технологијата. Извештајот на Светскиот економски форум во април покажува дека над 40 централни банки ширум светот експериментираат со новата технологија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот