Бундес лигата со нови мерки за заштита на судиите

фото: твитер

Одлучено е да се минимизира времето за патување, така што судиите ќе треба да дојдат до стадионот со своите автомобили.

Пред евентуалното продолжување на сезоната во најсилната германска фудбалска лига, челниците раководството донесе мерки со цел за заштита на судиите.

Нема да важат географските ограничувања, а тоа значи дека арбитрите ќе можат да судат натпревари на екипи од нивните региони.

Одлучено е да се минимизира времето за патување, така што судиите ќе треба да дојдат до стадионот со своите автомобили. Забранети ќе бидат прошетките во градот пред натпревари и престојот во хотелите.

Си останува годишната основна плата од 60.000 до 80.000 илјади евра, а надоместокот за секој меч да варира од 1250 до 5000 евра.

Пред секој натпревар судиите ќе одат на редовни тестови за коронавирус. Контролорите што ја оценуваат работата на судијата ќе работат од дома и ќе ги подготват своите извештаи врз основа на она што го виделе на телевизија.

Во ВАР центарот во Келн, ќе бидат поставени прегради од плексиглас помеѓу видео судиите и нивните асистенти. Покрај тоа, сите треба да носат маски.

И натаму нема официјален датум кога би била продолжена сезоната во Бундес лигата, но се шпекулира дека тоа ќе се случи во првите недели од мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот