Бундес лига: Баерн се мачеше до трите бода! (ВИДЕО)

фото: твитер

Денеска на „Алијанц арената” во Минхен, екипата на Волфсбург 85 минути добро се бранеше и одолеваше на нападите на фаворитот, но финишот, младиот Циркце и Гнабри погодија за победа на баварците од 2:0.

И пред неколку дена Баерн имаше нерешен резултат до последните минути, а истита двајца фудбалери дадоа по еден гол за победа од два гола разлика.

Со оваа победа, Баерн остана на четири бода минус зад лидерот Лајпциг, кој губеше на полувреме со 0:1, а потоа со пресврт го победи Аугзбург со 3:1.

Во другите натпревари од 17. коло: Келн-Вердер Бремен 1:0, Мајнц-Баер Леверкузен 0:1, Лајпциг-Аугсбург 3:1 и Шалке-Фрајбург 2:2.

Табела: Лајпциг 37 бодови, Борусија Менхенгладбах 34, Баерн Минхен 33, Борусија Дортмунд 30, Шалке 30, Баер Леверкузен 28…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот