Бум на криптовалутите: Етериумот се доближува до 4.000 долари, биткоинот ја помина магичната граница

Биткоин/ Фото: Архива на Слободен печат

На пазарот на криптовалути продолжува претежно „биковскиот“ тренд, што посебно се однесува на алткоините. Втората по популарност дигитална валута – етериум забрзано се движи кон границата до 4.000 долари, бидејќи во последните 24 часа постави нов рекорд со цената од 3.980 долари.

Тоа е раст од 10 проценти, а моментално вредност на етериумот се движи околу 3.930 долари.

И најстарата и најпозната криптовалута – биткоинот продолжува да расте и утрово околу 9.30 часот повторно ја прескокна магичната граница од 60.000 долари. Имено, неговата цена беше 60.730 долари.

Моментално со биткоинот се тргува по цена од околу 58.200 долари.

Пазарната капитализација и натаму е на милијарда долари.

Инаку, инвестициската банка Голдман Сакс почна да тргува со криптовалути и во четвртокот го извесни својот персонал за берзи дека новоотвореното одделение за криптовалути успешно тргувало со два вида деривати поврзани со биткоините, според интерниот меморандум кој ексклузивно го доби СиЕнБиСи.

Во регионот, криптовалутите се присутни во Србија, каде најголемата фарма за јапонски препелици во Драгачево воведе плаќање на своите производи во биткоин и етериум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот